Денес не му рековме – Фала!

По волја Негова се разбудивме

и чаша вода испивме,

блиски си прегрнавме, некого утешивме

сиромав нахранивме или болен посетивме,

било што создадовме, Љубовта ја споделивме.

И денес не Му рековме – Фала!

Што право стоиме,

очи во виделина

умот го отвориле …

На ден Недела,

`Дома` да поитаме,

на ден Воскресен,

Него да Го примиме.

Лекот да го вкусиме.

Дарителот на се`, пак да Го прославиме !

Мина Даниловска

Претходна статијаБИДИ УЧЕНИК НА ПАТОТ!
Следна статијаПО ПАТОТ (Духовна литература)