Во врска со изразот “живееме во тешко време” или “доаѓаат тешки времиња”, често се греши во толкувањето и веднаш тука се појавуваат актуелните апокалиптични стравови како чипови, масони, безбожнички влади и слично.

Тешки времиња во вистинска смисла се времињата кога оладува љубовта кај христијаните, кои се повикани да бидат сол на Земјата и да бидат сведоци за совршената љубов – Христос.

Сето останато впрочем не е нешто ново: повеќе од 2000 години има апокалиптични настани, војни, болести, немири, земјотреси, безбожнички влади…

Самиот Спасител ни кажа што ќе се бара од секого од нас по завршувањето на овој живот – дела на милосрдие и одговор на прашањето дали сме љубеле и дали сме си ги покривале грешките еден на друг, дали сме покажале спремност за проштевање, понизност, послушание …..

Ние како христијани не сме повикани да шириме страв, паника, да чекаме знаци и да толкуваме времиња, напротив ние сме повикани да љубиме, да правиме дела на милосрдие, да бидеме радосни што знаеме за Христос а најмногу од се’ да се љубиме еден со друг – по тоа да не познаат дека сме Христови.

Затоа љубов, радост и молитва за целиот свет !❤️

Православен верник, дете бигорско

Претходна статијаСтарец Софрониј ( извадок од – За духот и животот)
Следна статијаКој може да биде ученик Христов?! (Митрополит Наум)