Сите имаме ист Отец.
И секој од нас има своја борба.
Единственоста на човечката личност не се гуши во заедницата на Црквата; човекот е икона Божја во разновидноста на нијансите.

Заеднички Владика, разновидни дарови: „Спасителот им станува на сите она што име на потреба.

На оние на кои им е неопходна радост им постанува вино кое ги весели.
На оние кои имаат потреба да влезат им станува врата.

За оние кои имаат потреба да принесуваат молитва станува посредник архиереј.
За оние кои се грешни – станува ЈАГНЕ,
за да биде жртвуван за нив
на сите им станува се`, останувајќи Самиот по природа каков што Е“.

Сите се причестуваме со истиот Леб на животот. Секој го прифаќа Оној, Кој му е потребен во личниот живот.

Во болестите – лекар;
во опасностите – Избавител;
на грешните – Заштитник;
на сиромашните – Ризница;

на неволните – Утеха;
на оние кои патуваат – Сопатник;
на оние кои пловат – Кормилар;
на сите – Оној Кој насекаде срдечно досегнува.

Низ предложените чесни дарови , Христос, на патот од нашиот живот, станува камен на трпението, повод на молењето, дародавец на силата и душевното здравје, храбар соборец.

Бидејќи Тој е „ навистина добриот Пат кој не застранува
( не му го скршнува патот на оној кој по Него оди)
и останува постојан…водејќи го човекот кон вистинското добро – кон Отецот“ .

(Толкување на Светета Литургија од Еромонах Григориј – Светогорец)

Претходна статијаГo нeма Христoс oнoј штo Гo има самo на јазикoт!
Следна статијаБЕСЕДА ЗА ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО – Игумен Гаврил (Преобрази ја Господе нашата темнина)