ПОКАЈАНИЕ

Светата Тајна Покајание се вика уште Света Тајна Исповед и неа ја воспоставил Самиот Господ наш Исус Христос.

На светот не постои безгрешен човек, ако само и еден ден живеел на земјата. Ако ја занемариме Светата Тајна Исповед, ние го отфрламе големиот Божји дар, а не знаеме што не` чека веќе во следниот миг, бидејќи и времето и целиот наш живот, се наоѓаат во рацете на Оној Кој што не` создал.

Кој знае, можеби веќе утре, или веќе денес ќе чукне нашиот смртен час (Лк. 12, 20 ).

Бидејќи сите гревови потекнуваат од нашето самољубие, од нашата гордост и самоволие, усмената и искрена исповед пред духовникот може да послужи како израз на спремност да го заборавиме своето самољубие, да го оставиме порочниот живот и да се погрижиме за своето исправување…..

Пред нашиот духовник треба искрено да ги исповедаме сите наши гревови ништо не сокривајќи од него. Немој да се срамиш од духовникот, бидејќи и нему не му се страни човечките слабости.

Немој да помислиш дека свештеникот некому ќе ги открие твоите гревови – нему тоа му е строго забрането.

Свештеникот кој што тоа би го направил би бил лишен од свештеничкиот чин.

Покајaнието не преставува некаква правна процедура која го ослободува човекот од чувството на вина. Т

оа не е формална исповед која што си ја дозволува човекот воочи големите празници.

Самиот збор „покајание“ ја означува суштинската и коренитата промена на човечката природа, нејзин препород, промена на начинот на размислување, промена на животот, отфрлање на гревот со целото свое срце.

Со други зборови, ние треба да станеме свесни за патот на гревот по кој што сме оделе и кој што не` водел во погибел…

Многумина и` приооѓаат на исповедта без подготовка. Тие, божем, како да немаат што да му кажат на духовникот, оправдувајќи се со своето слабо паметење и молат тој да им помогне.

Сепак, како што говори свештеникот Александар Јељчининов, „слабото паметење и заборавеноста никако не е оправдување. Гревот што ја обременува нашата ссовест не може да биде заборавен“…..

Својата исповед ние можеме да ја поделиме на три основни делови:

Односот спрема Бога, односот спрема ближниот, односот во семејството и на работа.

НАШИТЕ ГРЕВОВНИ СОСТОЈБИ ВО ОДНОСОТ СПРЕМА БОГА

Отсуство на внатрешна жива врска со Бога.

Колебливост во верата и недоверба спрема Бога, неверување во

Неговата Промисла во случај на различни проблеми и тешкотии.

Сомневање, мала вера, непознавање на прашањата за верата;

Мрзливост за молитва, за пост, богослужби и посетување на храмот.

Ретко причестување со Светите Тајни.

Мрзливост за изучување на Светото Писмо и духовните книги.

Негодување против Бога, богохулство (дури и во мислите).

Клетва, кршење заклетва, лажно заколнување, непочитување на заветот.

Занимавање со магија, со пророкување, астрологија итн; суеверие, верување во судбина и во соништа.

ПРИЧЕСТ

Повеќето христијани се оддалечуваат од Чашата на Животот и тоа најчесто без некоја причина.

Подоцна повеќе ќе се посветиме на ова прашање. Засега да нагласиме дека одбегнувањето на причестувањето со Светите Тајни, значи презирање на жртвите Христови, и тоа секако е голем грев.

МОЛИТВА

Обично на исповедта зборуваме за нарушувањето на постот, за некои безначајни пропусти, а воопшто не се допираме до молитвата, од која како да сме се разделиле.

Уште помалку зборуваме за расеаноста за време на молитвата. Зошто се чудиме на својата состојба?

Како можеме да одиме напред без често Причестување и постојано општење со Бога?

Еден свештеник многу мудро рекол:

„Ако сакаш да видиш на кој степен или духовност некој стигнал, само прашај го сака ли да се моли?“

Не е случајно што сите Свети, без исклучок, биле синови на молитвата. Молитвата за нив била главниот труд, а за нас таа стана нешто споредно.

МАГИЈА

Тоа е големо духовно помрачување. Илјадници луѓе се обраќаат на гатачки, на оние што гледаат во карти или во филџан, астролози, „јасновидци“ и толкувачи на соништа.

Одат кај нив лекомислено, не препознавајќи, дека резултатот од сето тоа е богохулство од најголем вид, дека тоа претставува отфрлање на заветот даден на Крштението за неопштењето со сатаната.

ГРЕВОВНИ СОСТОЈБИ ВО ОДНОС СПРЕМА БЛИЖНИТЕ

Отсуство на љубов спрема ближниот, рамнодушност спрема него, запоставувње и презир кон ближниот.

Омраза, завист, злорадост, непријателство, злопамтење, одмаздољубивост, возвраќање на злото со зло, суровост, непростување, завист.

Непријателства, кавги, проклетства, дрскост, иронија, потсмевање, пресметување, убиство.

Осудување, озборување, осудување на свештениците, клевета, лекомисленост, умисленост. Лага, неискреност, нечесност. Кражба, злоупотреба, растурање на туѓата имовина.

Непостојаност, неблагодарност, бесрамност, дрскост, непочитување на родителите, претпоставените, свештениците итн.

Соблазнување на другите со својот начин на живот и однесување, предизвикување со својот надворешен изглед.

Отсуство на добри дела и милостиња.

Лошо однесување со Божјите созданија.

(од „Покајанието – Патот во Царството Божјо“

од Старец Филотеј Зервакос)

Подготви:

М. Д.

Претходна статијаНедела прва од Чесниот пост!
Следна статијаШТО Е „ПАСХА“? (Секоја недела верникот ја празнува Пасхата) – Старец Порфириј