Чесниот пост – недела прва
Евангелие за сезнајниот Господ и за човекот без лукавство (Јован 1, 43-51; Зач. 5)
…
…Тоа што се случувало во затворен простор, како да се случувало на отворено поле.
Дури и тоа што се случувало во најзатворениот простор, во срцата човечки, за Hero било откриено и јавно.
Оваа сеприсутност и сезнаење на Господа Исуса Христа го вчудовиди Натанаил не помалку одошто Петра богатиот риболов на морето, а другите ученици одењето no морето и смирувањето на бурите и ветровите.
Познавајќи ги срцата човечки, Господ знаел која негова божествена моќ повеќе ќе дејствува и врз кој ученик.
Ако Петра најмногу го зачудувала неговата власт над природата, Натанаил можела да го зачуди неговата видовитост и неговото сезнаење.
Според своето сезнаење, Господ управувал co божествената економија на спасение на луѓето.
Можеби Филип тоа го забележал уште во првите денови на своето апостолствување, зашто му рече на Натанаил:
“Дојди и види!”
Филип бил уверен дека премудриот и сесилниот Господ ќе му се открие на Натанаил на начин што е најпогоден за духот и карактерот на Натанаил.
Тој можеби само донекаде претчувствувал тоа што подоцна го дознал, какви сѐ безбројни и пречудни тајни се кријат во трошните човечки гради на неговиот Учител.
И навистина, тајните пошироки од небесата и подолги од времето се криеја во градите на богочовекот!
Дали Христос Господ открил или искажал само илјадити дел од тајните и моќите Божји кои се криеле во него?
Секако дека не. Огромен дел од неговите тајни и можности
останаа неоткриени и неискажани, за да им се откријат и покажат на светите во неговото небесно царство.
Bo Hero имаше многу сила, но ce трудеше да се воздржува од одвишни чуда.
Од негова страна е речено, откриено и сторено толку колку што е потребно за наше спасение, без притисок и насилство врз нашата волја, врз нашиот слободен избор и слободно определување.
Да погледнеме што восхитениот Натанаил му одговори на Господа:
„My одговори Натанаил и рече:
Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот, Израилев!” Тоа го проговори онаа уста што пред малку му рече на Филип: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет”?
Колку чудна промена! Колку брзо восхитување!
О, браќа, колку е големо и чудотворно присуството Божjo!
He постојат зборови што би го искажале, ниту рака што би го напишала, но има срца што можат да го почувствуваат и откако ќе го почувствуваат, да затреперат како утринска роса во средба co сончевите зраци.
Зар овој настан не зборува доволно кои се причините што Господ морал да се облече во човечко тело и морал да се јави како слаб човек заради спасение на луѓето?
Кој би го издржал ако се јавеше како огнен ангел?
Па уште да се јавеше како Бог, необлечен и незаштитен од завесата на телото, во својата вечна сила и слава – кој би можел да го погледне и жив да остане?
Кој би можел да го слушне Неговиот глас, а да не се распадне во прав?
Зар не би се претворила целата земја во пареа од близината на Неговиот здив?
Погледнете колку е силно Неговото ублажено присуство!
Во еден час го свртува срцето на човекот и ги менува мислите на човекот!
Кој можеше да помисли, само неколку мигови пред овој разговор на Христос co Натанаил, дека Натанаил по многу кратко време ќе исповеда дека таканаречениот син на Јосиф е и Учител, и Син Божји, и Цар на Израилците?
Натанаил можеби во тој момент царот на Израилците го замислувал како земен цар, што е во согласност co сеопштото тогашно мислење за Месијата, сепак за еден почетник во исповедување на Христа и следење на Христа ова е повеќе од доволно.
Покрај тоа Натанаил го именува Син Божји, co што ја подига личноста Христова високо над сфаќање на Христа како обичен земен цар на Давидовиот престол.
„А Исус, одговарајќи, му кажа:
Веруваш, оти ти реков дека те видов под смоквата; ќе видиш повеќе од ова.
И пак рече: вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји какο се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки”.
Господ, значи, смета дека му открил на Натанаил само една мала тајна за себе, кога му рече дека го видел под смоквата.
Неговата видовитост на толку малата далечина на земјата е како еден лач од неговата сеопфатна сончева видовитост.
Поради чистотата на душата, на Натанаил и тоа малку му било доволно да поверува.
Нечистите и лукави фарисеи и книжници ерусалимски гледаа како Господ лекува лепрозни, како дава вид на слепи, како воскреснува умрени, па сепак не поверуваа.
А ете, Натанаил, вистинскиот Израилец, поверува и исповеда само поради малку поотворената врата на чудата:
„Ќе видиш повеќе од ова,” му ветува Господ.
Што ќе види?
„Небото отворено и ангелите Божји κаκο се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.”
Co овие зборови Господ му се обрати на Натанаил, но ова ветување им го дава на сите, оти вели:
„вистина, вистина ви велам”.
A дека тоа ветување задолжително ќе се исполни, покажува и силната нагласка на тоа ветување: „вистина, вистина!”
Уште од самиот почеток, ангелите му служеа на Спасителот, слегувајќи од небото и искачувајќи се на небото.
Ангелот му се јави на Захарија да му објави раѓањето на големиот преттеча Христов.
Ангелот ѝ се јави на пресвета Дева да ѝ ја соопшти преголемата тајна на раѓањето на Господ.
Небото им се покажа отворено на витлеемските пастири, ангелите слегуваа пеејќи радосна песна на помирување на Бога co луѓето.
Ангелите слегуваа и се искачуваа да го известат и упатат Јосифа и источните мудреци.
Кога Господ ги победи сите искушениja на сатаната во пустината, ангелите слегоа и му служеа.
Во неговите претсмртни маки во Гетсиманската градина ангел му се јави да го крепи.
При неговото воскресение, ангелите слегоа на неговиот гроб.
При неговото вознесение од земјата на небото слегоа два ангела во бели облеки и им се јавија на учениците.
По неговото вознесение, ангели им се јавуваа честопати на неговите апостоли, а потоа и на многу и премногу негови угодници, маченици и светители.
Зар првомаченикот Стефан не го виде
небото отворенο?”
Зap не се искачил апостол Павле дури до трето небо?
Зар на апостолот и евангелист Јован не му беа откриени безбројни чуда на небото, на времето и вечноста?
И до ден-денес, на многу чисти и богоносни души им се јавуваат ангели и многумина покајани и од грев простени небото го гледаат отворено.
Пред Христа само мал број пророци и богоугодници се удостоија да го видат небото отворено, но по Христа имаме цели војски небовидци што се издигаа co својот видовит дух во небесните височини, заедно co небесните ангелски војски.
Присуството на живиот Бог пак значи страв и ужас за нечистите и грешните, а живот и радост на чистите и праведните.
Од тоа големо и страшно присуство, сега нѐ одделува темната завеса на нашето тело.
Но наскоро, многу скоро, таа завеса ќе се симне и ќе се фрли и ние ќе се најдеме потполно во отвореното небо, и тоа оние што се покајани и чисти меѓу нас – во вечното и животворно присуство на живиот Бог, а непокајаните, богохулните и нечистите – во вечното отсуство од Heгo, во мака и темнина најдалечна.