Во гревопаѓањето на првиот човек, иако срцето било победено повеќе од умот, сепак прво пострадал умот.

+++

„Во Адам умот не само што паднал, туку е и прв поразен и тоа што е поразено, на тоа спасението му било најпотребно“ – говори св. Григориј Богослов.

Тоа значи дека умот прв мора да биде очистен и обновен.

 

+++

„Во која мера човекот ќе го очисти својот ум, во таа мера тој ќе ја види славата Божја“ – говори св. Ефрем Сирин.

 

+++

„Бидејќи како што светлината во очите, соединувајќи се со сончевите зраци, постанува совршено светло и на тој начин овозможува поглед кон предметите, така и умот, постанувајќи едно со Господ, благодарејќи на тоа ги согледува духовните предмети“ – ни вели св. Григориј Палама.

+++

Очистувањето на умот во аскетиката се претставува како борба со ѓаволот. Преподобен Силуан Атонски за тоа ни говори:

„Умот со умот се бори – нашиот ум со умот на непријателот“.

 

+++

„Ако човекот не го користи умот, тогаш ѓаволот го користи“ – старец Пајсиј Светогорец.

Претходна статијаБОРБА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ДУШИ
Следна статијаЃаволот многу ќе направи за да ја разурне таа твоја тврдина! – Преподобен Исаак Сирин