Дома Духовност АРХАНГЕЛИ ! (Кои се?)

АРХАНГЕЛИ ! (Кои се?)

0
1089

АРХАНГЕЛИ

Бог им дал имиња на сите ангели. Најпознат чин на луѓето е чинот Архангели.

Преведено од грчки, зборот „Архангел“ значи “ангелоначалник” (началник на ангелите).

Православната црква почитува осум архангели. На иконите, Архангелите се прикажани во согласност со природата на нивната служба.

Михаил (неговото име значи „Кој е како Бог“)

– се слика како со нозете гази на ѓаволот, држејќи во левата рака зелена урмина гранка, во десната – копје со бело знаме (понекогаш огнен меч) на кој е нацртан црвен крст.

Гавриил („Сила Божја”)

– предвесник и слуга на Божествената семоќност (Дан. 8:16; Лука 1:26); се слика со рајска гранка, која ја принесол на Пресветата Дева, или со светлечки фенер во десната рака и огледало од јаспис во левата.

 

Рафаил („Помош, Божјо исцеление”)

е моќен исцелител како на луѓето така и на животните (Тов. 3:16; Тов. 12:15); во левата рака држи сад со лековити напивки, а со десната го води Товија кој носи риба.

 

Уриил („Оган и Светлина Божја”)

– владее над небесните светила. просветител (3 Езра 5: 20); во подигнатата десна рака – оголен меч на ниво на градите, во спуштената лева рака – „огнен пламен“.

 

 

 

 

 

 

Селафиил („Молитва кон Бога”)

– молитвеник Божји, кој секогаш се моли на Бога за луѓето и ги поттикнува луѓето да се молат, молитвеник за спасение и здравје на луѓето (3 Езра. 5, 16); се слика во молитвена положба, гледајќи надолу, рацете склопени на градите.

 

 

 

 

Јехудиил („Фала му на Бога“)

– покровител на сите кои ревносно работат, тој е советник и заштитник на сите што работат за слава на Господа, особено на царевите, судиите и другите раководни позиции (неговото име е познато само од преданието, во Библијата и во Евангелието тоа не се среќава); се слика како држи златна круна во десната рака, како награда од Бога за корисните и благочестивите дела на светите луѓе, а во левата рака камшик од три црни јажиња, како казна за грешниците за мрзеливоста кон благочестивите дела.

 

 

 

 

Варахиил („Бoжји благослов”)

раздавател на Божјиот благослов за добри дела, на луѓето кои ја бараат Божјата милост (неговото име е познато од спомнувањето во апокрифната книга Енох (3 Енох 14:17); на неговата облека има мноштво рози.

Jeремиил („возвишеност кон Бога, Божја височина”)

– се испраќа кон човекот за содејство на неговото враќање кон Бога (3 Езра 4, 36); прикажан е како во раката држи вага.

Ќе продолжи…