Секогаш пониското се докажува со – повисокото, а не обратно.

И човечкото постоење се докажува со постоењето на повисоките битија,
со повисоките моќи и интелигенција од човечката.

Некој од европските филозофи рекол:

„Мислам, значи – постојам“.

И таа негова мисла раструбена е низ светот, како нешто големо.

Во самата работа, – да МИСЛАМ колку и да сакам,

јас не постојам, ако не постои некој поголем од мене, кој што мене и целиот свет го смислил.

Ако Бог не постои како виша интелигенција од мене, извесно дека и јас не постојам;

туку сум само некое минливо сениште , авет кои што виорите од прашина го подигнале и ги вообличиле за миг, за повторно да ме растурат во истата прашина ,
без цел и ред .

Исто така и љубовта.

Ако љубовта не е во Бога и од Бога , тогаш таа е само еден сентиментален копнеж, кои што луѓето ја употребуваат како анестезија, за со мала бесмисленост да ја ублажат големата бесмисленост на животот.

(Владика Николај Велимировиќ)

Претходна статијаНедела 6. по Велигден ( на Слепиот)
Следна статијаСветите рамноапостолни Кирил и Методиј – проповедници на благочестието…