Секогаш пониското се докажува со – повисокото, а не обратно.
И човечкото постоење се докажува со постоењето на повисоките битија, со повисоките моќи и интелигенција од човечката.
Некој од европските филозофи рекол:
„Мислам, значи – постојам“.
И таа негова мисла раструбена е низ светот, како нешто големо.
Во самата работа, – да МИСЛАМ колку и да сакам,
јас не постојам, ако не постои некој поголем од мене, кој што мене и целиот свет го смислил.
Ако Бог не постои како виша интелигенција од мене, извесно дека и јас не постојам;
туку сум само некое минливо сениште , авет кои што виорите од прашина го подигнале и ги вообличиле за миг, за повторно да ме растурат во истата прашина , без цел и ред .
Исто така и љубовта.
Ако љубовта не е во Бога и од Бога , тогаш таа е само еден сентиментален копнеж, кои што луѓето ја употребуваат како анестезија, за со мала бесмисленост да ја ублажат големата бесмисленост на животот.