„Целиот наш живот е дар Божји.
И сиромаштвото е дар Божји, кога сиромавиот со смирение и трпение Му благодари на Бога за него, и го препознава овој дар.
И богатството е дар Божји, кога богатиот со смирение и трпение им служи на сиромавите со своето богатство и на тој начин Му благодари на Бога за него, и го препознава овој дар.
Кога луѓето би ги препознавале даровите Божји и кога со смирение и благодарност би се однесувале кон нив,
даровите Божји би служеле како средство за надградување и остварување на нашата заедница во Богочовекот Христос, нашиот најголем дар Божји и би служеле како средство за наше спасение.
Со други зборови, само на тој начин можеме да Му благодариме на Бога кога неговите дарови повторно Нему Му ги принесуваме
– Твои дарови од Твоите, на Тебе Ти ги принесуваме за сите и за сѐ..“
(Митрополит Наум Струмички)