ЗА СПАСИТЕЛНОТО РОЖДЕСТВО НА БОГОРОДИЦА

Заради која причина, Таа (Пресвета Богородица) потекна од неплодна утроба?

За да ги ослободи родителите од болката и да го прекине нивното понижување, но исто така, и да го изобрази ослободувањето од болката и проклетството на прародителите на нашиот род кое преку неа Ќе се изврши.

Како би се осмелила природата да ја оскверни онаа утроба во која пребивала и од која потекна единствената жена која се населила во Свјатаја свјатих, и единствената жена која постанала престојувалиште на Создателот на природата.

Како што ниту пред неа, ниту по неа не се појавила Дева Мајка и Мајка Божја, и како што ниту пред неа, ниту по неа никој не престојувал во Свјатаја свајтих, исто така доликувало внатре и во оваа утроба да не биде зачнат ниту еден друг плод.

Како што приближувало времето Дева да постане Мајка Божја и тоа од родот Давидов, и во време погодно за наше спасение, и како што требало да се подготви Дева, не се најде никој повозвишен во добродетелта од неа, ниту пак во родот Давидов некој се покажал поблагороден од неа по начинот на живот и род.

Заради тоа, овие кои беа бездетни (Јоаким и Ана) имаа поголема чест од сите оние кои имаа многу деца, за да може седобредетелната Дева да се роди од многудобредетелни, и сепречистата од исклучителни во целомудреноста, и за да може целомудреноста соединета со молитвата и подвигот да даде плод, за да постане родителка на девственоста, девственост која непорочно го родила Оној кој што според божественоста е роден од девствениот Отец пред сите векови.

О, какви крилја имала нивната (на Јоаким и Ана) молитва и каква важност добила пред Господа!

О, тие срца, толку праведни (непорочни), да вознесат ваква молитва која на нешто такво претходи и нешто такво достигна!

Требало да се подготви такво чудо на чудата и природата постепено да отстапи пред благодатта.

 

….. Мажи и жени, стари и млади, богати и сиромашни, старешини и потчинети, и воопшто луѓе од секој род,
секоја возраст, уметност и наука…

никој меѓу вас нека не биде неплоден и без душевен плод, нјикој нека не биде без љубов и неприемчив за духовното семе, туку сесрдно да го прифати небесното семе, спасителното слово, и од своја страна со дело нека создаде небесен и богоугоден плод, никој нека не го запостави почетокот на доброто делување,
никој својата вера во Христа нека не ја исполнува само со зборови.

Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен (Мт.7,21), и никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за цеарството Божјо (Лк.9,62).

Свети Григориј Палама (извадок од беседа)