-Светото Предание, тоа се сите оние духовни богатства кои сме ги наследиле од нашите свети предци, а кои се во совршена хармонија со Светото писмо и кои ни помагаат за да можеме правилно да го разбереме Светото писмо.
Што е постаро Светото писмо или Светото предание ?
-Светото предание.
Што е пообемно ?
-Светото предание. Свети Јован Евангелист го потврдува ова говорејќи: „А има и многу други работи што ги изврши Исус и кои, ако би ги напишале по ред, ми се чини не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин!“ (Јован 21, 25).
Што конкретно опфаќа Светото предание ?
Светото предание опфаќа:
1. Кратки излагања и формулирања на нашето православно верување;
2. Учење за седумте свети тајни, како и чиновите како се вршат;
3. Апостолски правила – (канони);
4. Правила (канони) на седумте вселенски собори, кои се одржани во:
-I- Никеја во 325 година со 318 свети отци,
-II – Цариград во 381 година со 150 свети отци,
-III – Ефес во 431 година со 200 свети отци,
-IV – Халкидон во 451 година со 630 свети отци,
-V – Цариград во 553 година со 160 свети отци,
-VI – Цариград во 680 година со 170 свети отци и
-VII – Никеја во 787 година со 367 свети отци.
(Значи, на овие седум вселенски сабори учествувале вкупно околу 2000 претставници на христијанската православна црква).
5. Канони и правила на некои помесни собори и синоди;
6. Правила за црковната дисциплина на Св. Василиј Велики и други светители;
7. Списи на светите отци на Црквата;
8. Литургии и други црковни богослужби;
9. Житија на христијанските светители и маченици и
10. Побожни обичаи, знаменитости и симболи како изрази на нашата вера, надеж и љубов.
Може ли Светото предание да се одвои од Светото писмо?
НЕ, тие се неодвоиви. Бидејќи во светлината на Светото предание ние правилно го разбираме Светото писмо и во светлината на Светото писмо го цениме и го сакаме Светото предание.
Какви би биле последиците од нивното евентуално одвојување ?
-Лошите последици од ваквото одвојување доаѓаат до израз како: погрешно толкување на Светото писмо, недоразбирања, ереси, раскол, и на крај расцепување во вселенската Црква.
Кој е повикан да го чува текстот на Светото писмо и чистотата на Светото предание да не бидат расипани ?
-ЦРКВАТА, која е, според зборовите на апостолите „Столб и потпора(тврдина) на вистината“ (1Тим. 3, 15). Во прв ред тоа е должност на црковната ерархија.
ИЗВОР: „Верата на светите – катихизис на источната Православна Црква“-Епископ Николај Д. Велимировиќ