По кусиот разговор за заљубеноста, треба да пристапиме и кон љубовта. Ќе се обидам да наведам барем неколку важни својства на вистинската љубов.

Заљубеност                             Љубов    

Љубов

1. егоизам                            1- вечна

2. заљубеност во нешто        2.сака без причина

3. пламеност на чувствата      3. пожртвуваност

Како прв, многу важен белег на љубовта би ја именувал вечноста. Се’ што не може да биде вечно не може да се нарекува љубов.

Вистинскиот брак мора да биде вечен. Многу од вас слушнале дека во Црквата нема разводи. Во идеален случај верноста кон брачниот другар се чува цел живот, па дури и по смртта на еден од сопружниците.

Секако, не може секој, во случа] да остане млад вдовец или вдовица, да не стапува повторно во брак, заради што Црквата и дозволува втора венчавка. Меѓутоа, вториот брак веќе се смета за снисходење (попустливост) кон човечката слабост.

„Подобро е да не стапуваш повеќе во брак, но ако не можеш да го понесеш овој подвиг, тогаш стапи”, вели Црквата.

Меѓутоа, за свештеникот, кој треба да биде пример за својата паства, вакво снисходење не е дозволено. Кога свештеникот ќе остане вдовец, не може повеќе да стапи во нов брак.

Ако сака да го направи тоа, должен е да ja напушти својата свештеничка служба. Тој до крајот на својот живот мора да и’ биде верен на својата сопруга.

Несомнено е дека единството на душите, кое ce paѓa меѓу сопружниците во текот на животот, ќе постои и no смртта; вечноста на љубовта не се однесува само на земниот живот, туку ja преминува и границата на смртта.

Второто важно својство на љубовта е паралелно на второто својство на заљубеноста. Додека заљубеноста се заљубува поради нешто, љубовта сака без причина.

Прашање за вас: поради што ja сакаме мајката? Поради убавината? He, мајката може да биде и грда. Заради добрината? He, мајката може да биде сурова и неправедна, а ние сеедно ја сакаме.

Заради што си го сакаме детето? Заради тоа што е мило? He, тоа може да порасне скоро два метри и да биде дрско кон нас, а ние го сакаме.

Може да се каже дека мајката ја сакаме бидејќи не’ родила или дека си го сакаме детето бидејќи сме го родиле. Меѓутоа, и тоа не е точно. Постојат посвоени деца кои луѓето ги сакаат исто како свои.

Или на пример, поради што ја сакаме сестрата? He сум ja родил, ниту таа ме родила мене, но таа ми е сестра и jac ja сакам.

Можеме долго да набројуваме, но сепак нема да најдеме црта или својство на карактерот поради кои ги сакаме своите ближни. И навистина, ваква црта или вакво својство на карактерот нема. Своето дете се сака затоа што е свое. Еве, тоа е мое – и готово! He e добро, но мое е!

А пак мажот!!! Bo вистинската љубов, значи, сопствениот сопруг или сопруга треба да се сака само затоа што е твој или твоја. Веќе слушам несогласување. Детето е мое бидејќи сум го родила, а мажот е тука, бидејќи сум го одбрала. Денес сум го одбрала него, утре ќе одберам друг, а детето и мајката не се бираат.

Да слушнеме сега што за ова зборуваат Библијата и црковното предание. Значи, ја отвораме првата глава на Книгата Битие:

„Затоа ќе го остави човекот, таткото свој и мајката cвоja и ќе се прилепи кон жената своја; и обатеа ќе бидат едно тело” (1.Moj. 2, 24).

Слушнете уште еднаш: „Обата- ќе бидат едно тело”. Да ги запамтиме овие зборови и да размислиме што значат тие. Што значи да се биде едно тело?

Погледнете ме. Имам две раце. Никој нема да се осмели да рече дека имам една долга рака co два краја.

Имам две нозе. Двете раце и двете нозе сочинуваат едно тело. Да замислиме како десната нога и вели на левата:

„Сега јас ќе одам на десно, a ти оди на лево, ми здодеа секаде да бидам co тебе, сакам барем малку да одам сама”.

Јасно е дека овие зборови повеќе потсетуваат на бунило на безумник. И пак, да претпоставиме дека левата нога нагазнала на шајка и дека сериозно се повредила, a десната да и’ рече:

„Што, се набоде? Подобро ќе ти беше да гледаш каде одиш, сега оди како знаеш!” Тоа е невозможно.

Јасно е дека ако едната нога се скрши, другата ќе го носи товарот од целото тело, дека ќе трпи двојно оптоварување.

Ако едната рака се разболела  другата едноставно ќе работи двапати повеќе. Секоја болка на било кој орган се пренесува на целиот организам.

Така треба да биде и во семејството. Кога мажот ќе дојде од работа изморен и нервозен, жената треба да ги проголта навредливите зборови кои излетале на нејзина сметка.

Ако жената се вратила од работа изморена, мажот треба мирно да отиде во кујната, да ги измие садовите. Мажот и жената се едно тело.

Еве уште едно прашање упатено до сите. Во црквата постои јасен систем на сметање на степенот на сродството. Ha пример, помеѓу мајката и детето е прв степен на сродство, меѓу внукот и бабата е втор степен, а помеѓу братот и сестрата, исто така втор степен на сродство.

Степенот се одредува по бројот на влезни и излезни линии до заедничкиот предок. Одговорете ми за да видам дали ви е Јасно:

Кој степен на сродство е помеѓу вујко и братанец?… Трети? Добро,значи, се’ ви е јасно. А сега следува прашањето:

Што мислите, кој степен на стродство е меѓу мажот и жената? Значи, да ги слушнам вашите одговори.

„Втор… Нема никаков… Трет… Прв…”

Да, има многу варијанти. Најблиску до точниот одговор беа оние што рекоа дека нема никаков степен на сродство. Само објаснете ми што мислевте co тоа?

Дека сопружниците воопшто не се роднини, односно дека се бесконечно далечни во смисла на сродство или обратно – дека се бесконечно блиски, односно дека имаат нулти, најголем степен на сродство? Јасно е дека мислите дека степенот на сродство меѓу нив е бесконечно далечен.

Меѓутоа, црквата вели дека степенот на сродство меѓу мажот и жената е нулти.

Што значи тоа? A каков е степенот на сродство помеѓу мене и мојата нога? Никаков! Таа е моја, дел од моето тело, мојата нога и jac не сме роднини, ние сме едно тело.

Значи, мојата жена е дел од мене, а не моја роднина. При сметањето на степенот на сродство, врската меѓу мажот и жената не се смета. На пример, помеѓу мојата жена и мојот брат е исто така втор степен на сродство, како и помеѓу мене и него.

Православната црква отсекогаш знаела дека мажот е многу поблизок од синот, дека жената е многу поблиска од ќерката. Тоа само денес не ни е јасно.

А пред сто или двеста години тоа го знаел секој селанец. Кога некоја жена одненадеж ќе посакала да го напушти мажот и да се врати кај своите родители, тие едноставно не би ја примиле.

„Имаш маж, оди и врати се! Ако си заминала од кај мажот, не сакаме да знаеме за тебе!”

Пред двеста-триста години разводот бил апсолутно незамислив. Такво нешто едноставно никому не му паѓало на ум. Зошто било незамисливо?

Ќе се обидам да објаснам. Да замислиме мајка која си го чува детето. Една година се’ е убаво, детето е мило. Две години – првите искушенија, три години проблемот веќе е поголем, a на девет мајката изјавува:

„Моето синче нешто повеќе не ми се допаѓа. Некако ми избега од контрола, станува дрзок, лошо учи. Колку може да се поднесува? Доста! Ми досади! Утре одам во собранието да се разведам. Таков син не ми треба!”

Сфаќаме дека такво нешто е незамисливо. He e можно да се разведеш од синот! Тогаш зошто е можно да се разведеш од мажот?

Денес нашиот морал толку е паднат, што сопружниците лесно се оставаат. Меѓутоа, тоа се’ уште не е границата на падот. Ако работите и понатаму така се одвиваат, луѓето наскоро ќе се оставаат и од своите деца.

На пример, денес постои појава којa се нарекува разсинување, т.е. појава при која сопружниците кои посвоиле дете, по извесно време детето го враќат назад и велат: „Доста! Ни здосади! He можеме повеќе да се мачиме co него”.

Дури постои и случај за едно дете кое било посвоено на три години, а било вратено кога имало петнаесет години. За дванаесет години родителите не успеале да го засакаат детето. А колку напуштени деца има денес и покрај живи родители, кои воопшто не се грижат за родените деца?

Ситуацијата no малку потсетува на годините по револуцијата, кога постоел огромен број на напуштени деца, кои не се појавиле толку заради граѓанската војна, колку заради случајните врски по укинувањето на црковните норми за стапување во брак.

Порано во главите на луѓето се’ беше на свое место и луѓето знаеа дека разводот од мажот е полош од „разводот” co синот или co ќерката. На пример, ако едната нога се разболе и не може да оди, ние не итаме веднаш кон хирургот:

„Докторе, отсечете ми ја ногата побргу, нагазнав на шајка”. Напротив, co сите сили ќе се обидеме да ја лекуваме и само во случај ако ногата ја зафатила страшна болест (на пример, гангрена) се одлучуваме на операција, за болеста да не се прошири на целиот организам.

Така е и co разводот – должни сме co сите сили да се обидеме да го зачуваме семејството: дури кога оваа надеж ќе исчезне и кога, на пример, постои опасност пијаниот маж да го повреди синот или да го вовлече во својот порок – можеме да се одлучиме на развод.

Значи, брачните другари стануваат едно тело. Вистинскиот маж ја сака својата жена само заради тоа што таа е негова жена, затоа што се едно тело. Секако, ако жената има и уште некои посебни карактерни особини, тогаш тоа е прекрасно. Меѓутоа, дури и ако ги нема, добриот маж сеедно ќе си ja сака својата жена.

Ке ви свртам внимание на следново: кога велам дека сопружниците се едно тело, тоа не е само убава слика, туку се’ што му се случува на едниот од сопружниците, навистина се одразува и на другиот.

Ако сопружниците се обидуваат co Божја помош да ги совладуваат сите искушенија што се јавуваат во семејниот живот, тогаш, по извесно време потполно реално ќе почувствуваат дека станале едно тело.

Сите ние најверојатно сме слушале приказни како што е следнава.

Мајката го испраќа синот во војска. Тој, на пример, служи во морнарица, на илјадници километри од дома. На синот му се случува некоја несреќа и мајката, без разлика на огромниот простор што ja дели од синот, co срцето ja чувствува неговата несреќа.

Господ може да им подари на брачните другари таква благодат, што ќе се чувствуваат еден co друг посилно отколку што мајката го чувствува детето.

Ако жената ги испрати во војска и саканиот маж и милиот син, мажот ќе го почувствува посилно. Понекогаш од постарите сопружници, кои го поминале животот во верност, може да се слушне следново:

„Еве, и велам на сопругата за тоа и тоа, a таа ми кажува дека токму за тоа размислувала.”

Кај верните брачни другари не се појавуваат само заеднички чувства, туку и мисли и желби.

Еднаш ми се случи следново: Стоев на еден перон на кој речиси и немаше луѓе, кога покрај мене поминаа неколку мажи од за мене, непозната националност. Гласно разговараа на својот јазик, кој ми се стори многу милозвучен.

Тогаш посакав да дознаам дали и нашиот руски јазик е толку милозвучен. Меѓутоа, никако не можев да го оценам звучењето на мојот мајчин јазик, а тогаш неочекувано сфатив зошто.

Никако не можам да ja слушнам мелодичноста на мајчиниот јазик, бидејќи не ги слушам само звуковите, туку веднаш ја слушам и смислата на зборовите. Може да се оцени само мелодичноста на туѓ јазик, чија смисла не ја сфаќаш.

Мелодичноста е единствено што може да се сфати на непознат јазик. Истото се случува и co луѓето. Додека човекот за тебе е туѓ, единствено што можеш да воочиш кај него е неговата надворешност.

Да се сетиме: „Човекот се дочекува според облеката, a ce испраќа според умот.”

Блиските роднини никогаш не ги оценуваме според нивната убавина. Ние веднаш го гледаме движењето на нивните души. Прв знак дека сме го засакале човекот е тоа што престануваме да ја забележуваме неговата надворешност.

Co фактот дека надворешноста не игра никаква улога во љубовта, првпат се сретнав уште во училиште. Еднаш ме повика на роденден еден другар од одделението, кој го знаев од училиштето, а кај него дома тогаш дојдов за првпат. Бев изненаден кога ги видов неговите родители.

Татко му беше вистински убавец, а мајка му, според моите тогашни мерила беше многу грда, речиси наказна – дебела, мала, co полни усни.

Ги гледав, a не можев да сфатам како толку убав маж можел да се ожени co таква жена. Добро, била убава кога се оженил, но како сега може да живее co таква жена?!

Дури многу подоцна сфатив дека човек, кога сака некого, речиси и не ја забележува неговата надворешност и не и’ придава исто значење како порано.

Исто така, не забележуваш дали е убава мајка ти, ниту дали е убаво твоето дете или твојата сестра. Ако и забележуваш, тоа воопшто не влијае на твоите односи co тој човек.

Човечката надворешност е матно стакло.  Оддалеку го гледаш само стаклото и не можеш да видиш што има зад него. Меѓутоа, кога ќе се загледаш низ стаклото, го гледаш само она што ce наоѓа зад стаклото, а стаклото веќе не го гледаш.

Трето. Би сакал да истакнам уште едно својство на вистинската љубов, a тоа е подготвеноста на саможртвување или пожртвуваност.

Вистинската љубов е незамислива без пожртвуваност. Меѓутоа, што е тоа?

За почеток, одговорете ми најпрвин на прашањето дали самоубиството е самопожртвување? На пример, човек изјавил некому љубов и бил одбиен. Животот изгубил смисла. Човекот си го дава животот за љубовта. Самопожртвување ли е тоа?

Кој мисли дека одговорот е „да” нека крене рака. А сега оние што мислат дека одговорот е „не”. Гледам дека повеќето од вас не се согласуваат co тоа дека самоубиството е самопожртвување.

Навистина, самопожртвуваност е кога човек ќе се одрече од нешто свое, понекогаш дури и од свјот живот, но тоа задолжително го прави заради друга личност.

Кога пак некој ќе изврши самоубиство заради, на пример, невозвратена љубов, присутно е нешто друго:

„Ha сите ќе им покажам колку страдам!” Во самоубиството нема грижа за другиот, од самоубиството на другите никогаш не им е подобро, тоа на сите ближни им донесува само страдање. Самоубиството човекот го извршува заради себе.

Сега ќе наведам неколку илустрации поврзани co темата самопожртвување, за да ви покажам како е тоа.

Понекогаш самопожтрвувањето претставува голем, одлучувачки чекор. На пример, мојата сопруга заврши училиште за диригенти (таа е диригент – раководител на црковниот хор).

Неколку години се подготвуваше да стане диригент, долго време се школуваше, беше полна co планови за тоа како ќе основа хор, како ќе ги воспитува децата на парохијаните за идни пејачи во хорот на возрасните, итн.

Кога го започнавме служењето во Талдом сите планови постепено почнаа да се остваруваат. Меѓутоа, животот оди понатаму.

Ни се роди првото дете, па второто, а потоа и третото. И овде веќе силно се поставува прашањето: што да се прави? Најважните служби, кога co хорот треба да управува најискусниот човек, се извршуваат во сабота и во недела.

Дури и кога би сакале децата да ги носиме во градинка, пак ништо немаше да решиме, бидејќи во овие денови градинките не работат.

Немавме баби кои постојано би живееле co нас, Попадијата мораше да одбере: или на неколку години да го напуши хорот или да бара други решенија, кои најверојатно би биле на штета на децата. Секако, таа го напушти хорот, но зад тоа „секако” стои многу нешто.

Да си кажеш себеси: „Од денес ти веќе нема да бидеш диригент, ти си сега мајка”, и да се потисне во втор план она што многу години било во прв, не е воопшто лесно.

He му е лесно на човек да види како друг го зазема неговото место, да ги гледа неговите грешки, а нема можности да ги исправи. Секако, уште потешко е при тоа да не негодува во себе.

Меѓутоа, тоа е пример на видливо самопожртвување – одрекување од својата професија. Животот no правило се состои од ситни искажувања на нашето самопожртвување.

Таткото во семејството цел ден стоел пред стругот. Размислувал само за тоа како кога ќе си дојде дома ќе се одмори пред телевизорот, гледајќи го финалето во фудбал во кое игра неговиот омилен клуб. Доаѓа дома, ја отвора вратата и…

Миличок, те молам оди купи леб додека да го испечам пилето, потоа фрли го ѓубрето, кантата веќе е преполна и доведи ја Елена од градинка”.

Сите овие работи успева да ги заврши пет минути пред крајот на натпреварот. Да се стегне срцето и да се пропушти скоро целиот натпревар за да се направи се’ што е потребно за семејството, исто така е самопожртвување. Од вакви секојдневни „ситници” се состои семејниот живот.

Сега, кога веќе малку се снајдовме во терминологијата и кога се обидов да објаснам што подразбирам под зборот „љубов”, ќе се потрудам да дадам дефиниција за љубовта меѓу мажот и жената. Секако, таа ќе биде еднострана и непотполна, но треба да се даде.

Значи, љубовта на сопружниците е единство на двајца, кое се раѓа во бракот и се одгледува во текот на 10-15 години од заедничкиот живот. Ја пишувам оваа дефиниција на таблата.

Вистинска љубов пред бракот – е невозможна!

Заљубеност                           Љубов

1. егоизам                            1- вечна

2. заљубеност во нешто        2.сака без причина

3. пламеност на чувствата      3. пожртвуваност

Љубовта е единство на двајца, кое се раѓа во бракот и се одгледува во текот на 10-15 години од заедничкиот живот.

Co ваква дефиниција на љубовта мислам дека никој нема да има ништо против она што беше кажано на почетокот од нашиот разговор. Да се стапи во брак од љубов во принцип е невозможно, бидејќи љубовта се раѓа само во бракот, дури по стапувањето во брак и дури по долги години се покажува co сета сила.

Ние фрламе во земја семе од јаболка и не доаѓаме да ги береме плодовите по еден месец, туку неколку години го одгледуваме дрвото, па дури потоа очекуваме плодови. Плодовите на љубовта исто така нема да се појават веднаш, бидејќи човечката душа е многу покомплицирана од растенијата.

Секое дрво не доживува да почне да раѓа плодови, бидејќи многу стебла изгинуваат пред тоа. Денес 60% од семејствата се распаѓаат, не донесувајќи никакви плодови, освен напуштени деца и ранети души.

Co што може да се спореди семејството? Да замислиме два камена, остри и цврсти. Додека не дојдат во допир се’ е наизглед добро, бидејќи никој никого не допира. Да ги ставиме во вреќа и да ги протресеме силно и долго.

Можни се две варијанти на развој на настаните: или камењата ќе се избрусат и нема повеќе да се рануваат еден co друг, или нема да се ослободат од своите остри врвови и тогаш вреќата ќе се скине, а камењата ќе паднат од неа.

Вреќата е семејството: или сопружниците ќе се избрусат co помош на „ситни” самопожртвувања или co злоба ќе се нападнат меѓу себе.

Огромен број на разводи се случуваат 2-3 години по стапувањето во брак. Кога се разведува, човекот е убеден:

„Каква лоша жена (маж) ми се падна! A ми велеше дека ме сака! Како ли само ми падна на ум да се оженам co неа!”

Човекот не сфаќа дека се’ уште и немало љубов, туку дека постоела само заљубеност. За љубовта требало уште да се бори.

Едноставно, никој од сопружниците не сакал да се ослободи од своите „остри агли”. Човекот стапува во нов брак, a таму се продолжува истото што и во првиот. Тој co своите остри агли ja ранува својата нова сопруга, a таа, за возврат го ранува мажот co своите остри агли. Мажот наивно мисли дека пак добил лоша жена, не согледувајќи ги при тоа своите недостатоци.

Меѓутоа, нешто многу чудно се случува по 10-15 години. Првобитното брусење во текот на првите 2-3 години не е максимум на единство што може да се роди, иако многу семејства остануваат токму на ова ниво.

Би сакал да не ја заборавите главната тајна на бракот и на љубовта: двајцата стануваат едно тело.

Ако сопружниците co сета сила ги совладуваат сите искушенија и достојно го носат бремето на брачниот живот, no 10-15 години овие два камена се слеваат во еден, кој co никаква сила не може да се раздели.

Најпосле, и нешто за крај.

Штотуку дадов дефиниција за љубовта во која се вели дека љубовта треба да се негува 10-15 години. Секој од вас може да ме праша:

„А дали вие навистина сакате?” Овде мора да признам: „Сопругата и јас сме во брак само 6 години. Според својата дефиниција не можам да се пофалам дека веќе ја достигнав совршената љубов во своето семејство”. Еве уште една илустрација, co која всушност и ќе го завршам денешниов разговор.

Кујна. Попадијата и јас седиме на маса, еден наспроти друг. Лажиците и вилушките ни стојат на соседната маса. За да си земам лажица треба да станам, да направам пет чекори и да се вратам. За сопругата да ми даде лажица треба да стане, да направи еден чекор и да се врати. Мене ми е потребна мала лажичка. Секако, нема сам да си ја земам. Никако! Јас треба да направам десет чекори, а сопругата само два.

Ја замолувам да ми ја подаде лажичката, таа станува и оди да ја земе. Дури тогаш сфаќам дека попадијата е во деветиот месец од бременоста, дека во текот на денот се изморила co двете други деца, дека оваа бременост беше напорна и дека и’ е тешко дури и да стане од столот, додека јас, здрав и безгрижен, чекам да ми донесе лажичка.

Секако, co разумот сфатив дека постапив лошо и повеќе тоа нема да го правам. Меѓутоа, ако бев достигнал совршенство во љубовта, јас едноставно постојано ќе ја чувствував нејзината болка, немаше само да бидам свесен за неа, туку ќе ја чувствував co сопственото тело и немаше ниту на ум да ми падне да ja замолам за нешто.

Пренесено од книгата “Света тајна брак – Поуки на Православната црква за бракот и семејството”

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаВИСТИНСКА ЉУБОВ ПРЕД БРАКОТ Е НЕВОЗМОЖНА! ( прв дел, `Заљубеност – љубов`), Света Тајна – брак
Следна статијаБОЛЕСТА Е МЕСТО, ПОПOУЧНО ОД БИЛО КОЕ ПАТУВАЊЕ НИЗ ЕВРОПА (Старост, болести, покајание…) Извор: „Премин“, бр. 125/126