- + ГЛАВИТЕ ВАШИ ПРИКЛОНЕТЕ ГИ ПРЕД ГОСПОДА +
+++
Главите ваши приклонете ги пред Господа.
Народот:
Тебе, Господи.
Свештеникот:
Ти благодриме, невидлив Цару, Кој со Својата неизмерна сила си створил се` и со мноштвото на Твојата милост се` си привел од небитие во битие.
Самиот Ти Влдико, погледни од небесата на тие кои ги приклониле своите глави, зашто не ги приклонија пред тело и крв, но пред Тебе, страшниот Бог.
Ти владико, предложенијата раздели ни ги на сите нас за добро, секому според неговата потреба:
плови со оние што пловат,
патувај со патниците, болните исцели ги, Лекару на душите и телата.
По благодтта, добрините и човекољубието на Единородниот Твој Син, со Кого си благословен, со пресветиот и благ и животворен Твој дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народот: Амин.
….
Сите имаме ист Отец. И секој од нас има своја борба.
Единственоста на човечката личност не се гуши во заедницата на Црквата; човекот е икона Божја во разновидноста на нијансите.
Заеднички Владика, разновидни дарови:
„ Спасителот им станува на сите она што им е на потреба.
На оние на кои им е неопходна радост има постанува – вино кое ги весели.
На оние кои имаат потреба да влезат им станува – врата.
За оние кои имаат потреба да принесуваат молитва станува посредник – Архиереј.
За оние кои се грешни станува големо Јагне, за да биде жртвуван за нив.
На сите им станува се`, останувајќи Самиот по природа каков што Е“.
Сите се причестуваме со истиот Леб на животот.
Секој го прифаќа Оној Кој му е потребен во личниот живот.
Во болестите – Лекар;
во опасностите – Избавител;
на грешните – Заштитник;
на сиромашните – Ризница;
на неволните – Утеха;
на оние кои патуваат – Сопатник;
на оние кои пловат – Кормилар;
на сите – Оној Кој насекаде срдечно досегнува.
Низ предложените чесни дарови, Христос, на патот од нашиот живот, станува камен на трпението,
повод на молењето
дародавец на силата и душевното здравје,
храбар соборец.
Бидејќи Тој е „навистина добриот пат кој не застранува ( не му го скршнува патот на оној кој што по него оди) и останува постојано…
Водејќи го човекот којн вистинското добро – кон Отецот“.
Пренесено од книгата – Толкување на Светат Литургија- Jeромонах Григориј Светогорец (стр. 107 – 109)