Според христијанската вера, појавувањето на бебето во жената произлегува поради Божја волја, во него има честичка на вечноста, честичка на Бог – душа.

За жал, се случуваат такви ситуации, кога жената одлучува да се ослободи од така наречената несакана бременост, било тоа да се лични или медицински причини.

Од една страна, православието се противи на убиството на сé уште неродените деца, сметајќи го тоа за грев, но од друга страна, на самата жена потребна и’ е психолошка и духовна помош за да ја надмине оваа тешка ситуација.

Икона на Божјата Мајка „Нажалена за бебињата убиени во утробата“

Иконата на Божјата Мајка, Нажалена за бебињата, помага жената да се прочисти и прероди после таква тешка ситуација. Оваа икона, напишана релативно неодамна, можно е да се види при посетата на Макариевскиот храм во Киев.

Историјата за нејзиното пишување е таква, што за време на прошетката на една од парохјаните, на камен и’ се појави изобразението на Богородица, која таа веднаш го нацрта со молив на лист на хартија. Со тоа изобразување пријде жената во храмот, барајќи благослов од игуменот за пишување на иконата.

Во тоа време Старец Јона ревносно се трудеше за извршување на Крстна поворка против абортусот, но икони, погодни за вакви дејства немаше. Наскоро, овие две околности се совпаднаа и по благослов на митрополитот Киевски и цела Украина беше напишана икона со која подоцна беше извршена Крстната поворка.

Опис на иконата

Иконата на Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’ е уникатна, изобразувањето на неа ни кажува за тоа како ангел му ја предава на Исус Христос душата на нероденото бебе за нејзино враќање на Бог. Телото на бебето крвоточи опоменувајќи ја жената која се моли за она што го сторила, но истовремено давајќи и’ исто така надеж за тоа дека бебето се врати дома.

Како заштитува иконата

Иконата на Богородица ја заштитува жената од правење на истиот грев во иднина, и’помага да го помине процесот на покајание и очистување преку молитвата на светиот лик. Исто така се молат кај иконата и оние жени кои не можеле да го износат бебето и им биле дијагностицирани такви дијагнози како што се замрзната бременост или спонтан абортус.

Совет! Жена која посакува да биде мајка и да има добро семејство може да се помоли кај оваа икона за да Божјата Мајка и’ даде духовна сила и здравје за идна бременост.

Како се молиме пред иконата

Иконата на Божјата Мајка, „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’, им помага на жените да се очистат од гревот чедоморство и да се покајат за стореното дело. Многу духовници уверуваат дека молитвата кај оваа икона е насочена не само за ослободување на гревот на мајката, туку и за грижа на убиеното бебе, кое не требало да се роди.

Постои текст на молитва која може да се научи наизуст, а можно е и да се прочита во молитвеникот – нема особена разлика во тоа, битно е молитвата да произлезе од самото срце:

„О, Владико, Господи Исусе Христе, Сине Божји! Голема е Твојата благодат Кој како човек заради наше спасение се роди, беше распнат и погребан, со Твојата крв е попрскана нашата грешна плот.

Прими го моето покајание за гревовите и услиши ги зборовите мои: грешна сум, Господи, пред небото и пред Тебе, со збор, дело, душа, тело и помисли.Твојата заповед не ја исполнив, не ги чув Твоите повелби, ја прогневив Твојата добрина, но, Господи и јас сум Твое создание, Те молам за спасение:

Господи, дарувај ми скрушено срце во покајание, прими ме мене која Ти се молам и дарувај ми добра мисла, дарувај ми солзи на умиление, Господи, поради Твојата добрина, постави добар почеток.

Помилуј ме, мене, грешната слугинка Твоја во Царството Твое, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.’’

Во што помага иконата

Многу чудесни случки се поврзани со иконата на Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’. Во храмот каде се наоѓа иконата, често може а се слушне историјата за тоа како некои жени таа икона ги привела кон православието и кон духовниот живот.

Се вели дека една жена често сонувала деца, во еден сон таа ги прашала, каде е вашата мајка, на што тие и одговориле, дека нивната мајка е таа самата и дека таму каде што тие се наоѓаат сега им е многу лошо, зашто тие дури немаат име.

После кратко време жената случајно дозна дека во црквата се организира Крстна поворка со иконата на Богородица, „Нажалена за бебињата’’; и приоѓајќи во црква и веќе после Крстната поворка, при разговорот со свештеникот, сфати дека нејзините неродени деца ја приведоа неа во храм…

Повеќе:

ИЗВОРПремин Портал
Претходна статијаМолитвата на злопамтивите е семе фрлено на камен! (Св. Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаГЛАВИТЕ ВАШИ ПРИКЛОНЕТЕ ГИ ПРЕД ГОСПОДА…