ЗА БОГОРОДИЦА
…Таа е најчистиот израз на човековата љубов и одзив кон Бога: Марија, Мајката Христова… Богородица, на сите православни икони насликана co Богодетето во своите прегратки. Во Неа, вели една православна химна, “сите созданија се радуваат”.
Ho, за каква радост станува збор? Зошто, според нејзините сопствени зборови, “сите поколенија ќе ја нарекуваат благословена”?
Затоа што таа, во својата љубов и послушност прифати да биде она се’ што е од вечноста создадено и наменето да биде: Храм на Светиот Дух, човечност Божја.
Таа прифати да ги даде своите тело и крв, т.е. сиот свој живот, за да постане тело и крв на Синот Божји. Прифати да биде мајка во најпотполната и најдлабоката смисла на овие зборови, давајќи живот на Другиот и својот сопствен живот исполнувајќи го и осмислувајќи го во Него.
Таа ја прими единствената вистинска природа на секое создание: да ja пронајде смислата, a co тоа и исполнувањето на својот живот во Бога. Примајќи ја оваа природа таа ја исполни женственоста на создавањето…
Bo Марија – Жената, Дева, Мајка – во нејзиниот одговор кон Бога, Црквата го здобива својот живот и личен поредок на невеста Божја.
Само послушноста кон Бога, единствениот Господ на се’ создадено, и’ ја дава на љубовта нејзината вистинска насока, ја преобразува во потполна љубов. Така, правата љубов кон Бога е вистинската послушност. Таа е вистинскиот одговор кон својот Создател.
Преданието ја нарекува Богородица – новата Ева. Таа го стори она што првата Ева не успеа да го направи. Ева не успеа да биде жена. Ева ја презеде иницијативата, ,таа’ предложи’ и стана ‘женско’, инструмент за раѓање, co кој ‘управува’ човекот…
Но, Богородица не ја презема “инициЈатавата”. Во љубов и послушност, таа чекаше на иницијативата од Другиот. А кога таа иницијатива дојде, Дева Марија ja прифати, не слепо, затоа што запраша: “како ќе биде тоа?”. co потлолна трезвеност, простодушност и радосна љубов.
Ни пристигна радоста на вечната пролет, кога на денот на Благовештение го слушнавме решителното: “Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите Твои” (Лк. 1,38).
Ова е, навистина, севкупната твар, целото човештво и секој од нас ги препознава тука зборовите, кои ja изразуваат нашата конечна природа и битие, нашето прифаќање да бидеме Невеста Божја, нашето свршување за Оној Кој не’ љуби од Вечноста.
Таа е Дева. Но, оваа девственост не е негација, ниту просто отсуство на нешто; тоа е полнотија и целовитост на самата љубов; тоа е потполност на самопредавањето на Бога и сржта на изразувањето и својството на таа љубов. Зашто, љубовта е глад и жед за целината, тоталноста, полнотијата, девственоста – во полното значење на овие зборови.
Таа е мајка. Мајчинството е осмислување на женственоста, затоа што тоа е исполнување на љубовта како послушност и одговор. И давајќи се себе си, љубовта дава живот, станува извор на животот… Ha љубовта не и’ е потребно никакво оправдување… И така, радосната тајна на мајчинството на Марија не е спротивставување на нејзината света девственост.
Тоа е истата тајна. Богородица ја открива полнотата на мајчинството, затоа што нејзината девственост е полнота на љубовта.
Таа е Мајката Христова. Таа е полнота на љубовта; таа го прифаќа доаѓањето на Бог, Неговото слегување кон нас, давајќи My живот, a Toj е животот на светот. И секоја твар се радува во Неа, затоа што низ Неа препознава дека прифаќањето на Христос, допуштањето Тој да престојува во нас – е Цел и полнота на секој живот и на севкупната љубов.
Славењето, почитувањето на Богородица за Црквата станува чин на радост и благодарност, прифаќање и послушание, свршување со Светиот Дух, кој прави тоа да биде единствената потполна радост на земјата.
(избор од “За животот на светот” од А. Шмеман)
Преземено од ПРЕМИН бр. 4, јули-август, 2001