Поука
Ете, на Закхеј му е простено среброљубието,
на блудницата – телесните гревови,
на разбојникот на крстот – разбојништвото
и на многумина други – , многу други гревови.
Зошто тогаш не би можело да се прости и одрекувањето на вистината, неверието, исмевањето на Бога Светиот Дух?
Затоа што таму има срам и покајание, а тука нема.
Таму човекот макар и да греши, сепак со срам и страв се сврзува со Бога.
А тука сите врски со Бога се прекинати и човекот безбожник бескрајно и потполно се оддалечил од Него.
Таму има слабост, тука – упорствување.
Таму душата скита во мрак, но барем жедува за светлина.
А тука душата скита во мрак и мракот го нарекува светлина.
Кога човек нема ниту најмала желба да се спаси, Бог не сака на сила да го спасува!
– Св. Николај Велимировиќ