Писмо 5.

My благодарам на Бога што ти дал да вкусиш, барем малку, „колку е добар Господ”, Да, својата внатрешна состојба не треба да се покажува дури ни на духовникот, ако самиот тој не проживеал ист таков внатрешен живот. Преподобен Антониј Велики пишува:

„Ако му зборуваш за духовното на оној кој не е продуховен, нему тоа ќе му биде смешно”.

Во претходните писма ти пишував за смирението и ти повторувам: смирувај се, чедо, ѓаволот е многу лукав, a ние сме многу слаби. Преподобен Макариј Велики пишува:

„Познавав луѓе кои беа во такво духовно совршенство, така што на небото ја гледаа славата на светиите и во таква состојба се наоѓаа шест години, а тогаш, страшно е и да се каже – погинаа!”

Тој уште наведува и примери на некои маченици кои паднале после тешки мачења. А за опростување на гревовите Светиот Дух говори преку пророкот Езекил:

„Ако грешникот се покае и почне да живее правилно, тогаш Господ ќе му ги опрости гревовите; исто така, ако праведниот се одврати од богоугоден живот, Господ нема да се опомене на неговата праведност”.

Научи се, чедо, биди мудра како змија и незлоблива како гулаб.

Јас имам голема корист од тоа што живеам во заедничка зграда и спијам на легло од штици. Бог е еден, а патиштата кон Hero се различни — тоа го гледаме во примерот на светите отци: едни го минувале животот во внатрешна умна работа и така напредувале во духовниот живот, а други многу читале псалми, тропари и исто така напредувале во духовниот живот.

Уште ќе забележам: светите отци пишуваат дека природните недостатоци отстрануваат и кај светиите — заради смирување.

Да се биде на Тавор co Спасителот многу е утешно, но кога мора да се биде и на Голгота, тогаш трпи! Имај слух да слушаш и да чуеш! Биди внимателна! Господ нека те измудри!

Пренесено од книгата:

Писмата на Валаамскиот Старец

Претходна статијаБИ СЕ ЗАЧУДИЛ ТОЈ ДА ГИ ГЛЕДА СВОИТЕ ГРЕВОВИ, НАМЕСТО АНГЕЛИ (Писма на старецот до духовни чеда)
Следна статијаМOЛИТВА НА АНА – МАЈКАТА НА ПРОРОК САМУИЛ -Да не се фали богатиот со богатството свое…