Срамно е и грев е кога човек што нема вистинска љубов и вистинско покајание упорно тврди дека православните ќе се спасат, а другите ќе бидат осудени.

Не можеме да кажуваме и да заклучуваме такви работи (дали некој ќе биде спасен или осуден), не само за здрав човек, туку и за оној што е болен и умира.

Господ вели:

„Ако видете дека некој е на смртна постела, не судете му, зашто не знаете како ќе му биде судено“.

Гревот е едно, а пеколот нешто друго. Не станува збор за иста работа.

Исто така, спасението е едно, а небото (или Царството Небесно) нешто друго. Не е исто.

Треба цврсто да веруваме дека без крштение, оној што не се облекол во Христовата светлина нема да го види Царството Божјо.

Нам (православните) ни е дадено повеќе и затоа од нас ќе се бара повеќе.

Има една изрека кај светите Отци:

„Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото:

прво, дека е на небото;

второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види,

и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму“.

преподобен Гаврил Ургебадзе

Претходна статијаШто се срамуваш кога ќе направиш нешто лошо, ако не постои слободна волја? (Св. Атанасиј Велики)
Следна статијаБраќа мои, молете и` се на Божјата Мајка!