Браќа мои,   молете Ѝ се на Божјата Мајка, кога ќе се подигне бурата на омразата .

Таа, себлага и семоќна, лесно и многу добро може да ги смири човековите срца.

Мирот и љубовта доаѓаат од единствениот Бог, како од свој Извор, а Владетелката е во Бога, единствено со Бога, и како Христова Мајка на Мирот, ревнува и се моли за мир во целиот свет, односно за сите христијани.

Таа има моќ со својата рака да ги избрка од нас поднебесните духови на злобата, оние недремливи и упорни сејачи на злобата и непријателствата меѓу луѓето, и на сите, кои со вера и љубов притекнуваат под Нејзиниот моќен покров, бодро им дарува брз мир и љубов.

Ревнувајте и сами да ја зачувате верата и љубовта во своите срца; ако самите не се трудите околу тоа, нема да се удостоите со застапништвото на Божјата Мајка, за вас пред Бога; притоа бидете секогаш најупорни и благочестиви почитувачи на Мајката на Севишниот Господ, бидејќи”:

„Достојно е навистина да Те блажиме Богородице, секогаш блажена и пренепорочна“, повеќе од сѐ останато, Застапничке на човековиот род.

Трудете се во себе да го воспитувате духот на смирението, бидејќи и Самата Таа е смирена, како никој од смртните, и со љубов гледа само кон смирените.

„Ја погледна смиреноста на Својата слугинка“, ѝ рече таа на Елисавета за Господ, Нашиот Спасител.

Свети Јован Кронштатски

Претходна статијаНам (православните) ни е дадено повеќе и затоа од нас ќе се бара повеќе!
Следна статија„Блажени се кротките, бидејќи тие ќе ја наследат земјата“.