Молитва кон Св. Василиј

ЗБРАТИМИ ГИ РАЗБРАТЕНИТЕ

„Свети Василиј, голем Божји човеку, помогни им на сите и на мене.

Голем бранителу на Православните, одбрани не нас, кои твојата Света вера ја држиме и со надеж ти пристапуваме.

Помоли му се на Бога за сите твои луѓе, па и за мене недостојниот последно.

Спаси не од бедата на видливите и невидливите.

Осветли ни ги патиштата и разложи ни ја тагата.

Со молитва и солзи ја загреваше ладната пештера острошка, па сега загреј ја нашата душа и срце со Божјиот дух, да се спасиме и да го славиме Бога семоќниот и тебе Светецу Божји.

Од сите страни на светот те притискаа, а ти помагаше, ги изгони демоните, ги раскинуваше врските со ѓаволите, и здравје душевно и телесно им даруваше на луѓето.

Така и сега помогни, на крстените и некрстените, како и секогаш, на сите, па и на мене,

смирувачу на скараните браќа,

збратими ги разбратените,

осветли ги тажните,

скроти го самоволните,

исцели ги болните!

Свети Василиј Чудотворе и Оче наш духовен, слушни ги и исцели ги чедата твои духовни во името на Христа Исус Господ наш.

Амин.

Претходна статијаКратко упатства на неплодните сопружници“! (Света Гора 1966)
Следна статијаНе моли се да биде како ти што сакаш…! (кратка поука)