Песна 8-ма
ирмос. Co poca си ги оросил преподобните во пламенот и жртвата на праведникот co вода си ја запалил. Христе, се правиш што сакаш; Тебе Те прославувам во сите векови!
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Спасителу, помилуј ме мене грешниот; издигни го мојот ум кон покајание.
Прими ме покајникот.
Смилувај се на мене кога Ти се молам:
Ти згрешив, спаси ме. Беззаконствував, помилуј ме!
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Судијо мој, Ти добро ме познаваш; Ти пак ќе дојдеш co ангелите да му судиш на целиот свет. Тогаш милосно погледни ме, сожали се на мене и помилуј ме, Исусе, зашто згрешив повеќе од секој друг човек.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Сожали го, Господи, твоето создание.
Згрешив, прости ми, зашто само Ти единствен по природа си чист, а никој друг не е лишен од нечистотија.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Владико, Владико Христе, знам дека Ти си тивко пристаниште. Побрзај да ме избавиш од бескрајните длабочини на гревот и од очајанието.
И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Пречиста Богородице, прими ја мојата недостојна молитва и сочувај ме од предвремена смрт; дај ми покајание пред крајот.
Песна 9-та
ирмос. Луѓето не можат да го видат Бога, а и чиновите ангелски не смеат да го гледаат.
Преку Тебе, Пречиста, им се јави на луѓето, Словото овоплотено. Hero Го величаме, заедно co небесните војски; Тебе Те ублажуваме.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Сега доаѓам кај вас, Ангели, Архангели и сите небесни Сили коишто стоите пред престолот на Бога. Молете се на Творецот да ја избави мојата душа од вечните маки.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Сега пред вас плачам, свети патријарси, пророци, апостоли, светители и сите Христови избраници. Помогнете ми, на судот да се спаси мојата душа од непријателската сила.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Ги кревам моите раце кон вас, свети маченици, пустиножители, девственици, праведници и сите светии; вие се молите на Господа за сиот свет; молете Го да ме помилува на смртниот час.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Пред Тебе ги исповедам тајните на моето срце, Судијо мој, види го моето смирение; види ја мојата тага. Погледни ме и помилуј ме, зашто си милосрден, Боже на нашите татковци.
И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Мајко Божја, помогни ми; силна е мојата надеж во Тебе. Помоли Го Твојот Син да ме стави од Својата десна страна кога ќе седне да им суди на живите и на мртвите.
Амин.