Преку одговорите на отецот многу нешта ни се појасни
Прашање до отецот:
Метании, длабоки поклони до земја кога челото ја допира земјата и се кажува Господи Исусе Христе, помилуј ме, почнав да правам како правило, ама не разбрав дали се прават секој ден и во сите празници? Ве молам одговорете ми конкретно.
Фала ви
Одговор на отец Горан:
Длабоки поклони или метании не се прават во саботите и неделите, Господовите празници, светлата седмица можеби и некои други денови.
Битно е дека Длабоките поклони (метании) се значајно средство, покрај постот и молитвата, за духовното растење на подвижникот, односно на секој верник.