
Здраво Покајание
Замолувам за одговор на мојата дилема.
Родилка сум и треба да направиме молитва за четириесет денови на бебето. Дали, доколку жената тој ден е во месечен циклус може да присуствува на тој чин?
Благодарам
………………………….
Оваа дилема и прашање е присутна кај многу вернички, дали кога е во прашање целивање на икони, примање или не на Светата причест итн.
Одговорот од свештеникот гласи:
„За време на месечен циклус не се пристапува само кон Светата Тајна Причест, додека се’ друго е благословено и дозволено:
одење во Црква на богослужби,
целивање на свети мошти и икони,
земање нафора итн“.
Би додале, значи ова важи и за молитвата, зпрашањето кои вие го поставивте. Да, дозволено е!
