ПОКАЕН КАНОН КОН НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Песна 1-ва, глас 6-ти

ирмос. Како no суво газеше Израил no дното на морето и гледајќи го фараонот гонител како се дави извикуваше: Победна песна да My пееме на Бога!

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Јас грешниот и преоптоварен излегувам сега пред Тебе мојот Владика и Бог. He смеам да погледнам кон небото, но само се молам и викам: Господи, дај ми ум за горко да ги оплакувам моите гревови!

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Од каде да започнам да ги оплакувам делата на мојот грешен живот? Како да го отпочнам, Христе, моето тажење? Ти си милосрден, дај ми прошка на моите гревови.

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Спасителу, ти ги исповедам своите гревови што сум ги направил и ги откривам раните на душата и телото мое, направени од грешни помисли.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Како Бог, прости ми ги сите гревови, волни и неволни, јавни и скриени, свесни и несвесни, очисти ме и спаси ме!

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Пречиста Мајко Божја, погледни ме мене грешниот, избави ме од стапиците на ѓаволот и упати ме на патот на покајанието, та горко да ги оплакувам моите дела.

 

 

 

 

 

Претходна статијаДали е точно тоа дека на празници не треба да работиме по дома?! (Свештеникот ви одговара)
Следна статијаМЕТАНИИ! КОГА НЕ СЕ ПРАВАТ ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА? (Одговор од свештеникот)