КОНДАК 8

Гледајќи како Бог чудесно се вочовечи, да отстапиме од суетниот свет и умот свој кон божествени нешта да го исправиме.

Оти Бог затоа на земјата слезе, за да нè воведе на небото нас кои му воспеваме: „Алилуја!”

ИКОС 8

Сиот беше меѓу земните и од небесните не отстапи, Безмерниот, кога заради нас доброволно пострада, и co смртта Своја нашата смрт ја умртви и co воскресението живот им подари на оние кои воспеваат:

„Исусе, сладост на срцето;

Исусе, Крепост на телото!

Исусе, Светлост на душата; Исусе, Бистрино умна!

Исусе, Радост на совеста; Исусе, Надеж сигурна! Исусе, Памјат предвечна;

Исусе, Пофалбо висока!

Исусе, Славо моја возвишена!

Исусе, Желбо моја не отфрлај ме;

Исусе, Пастиру мој побарај ме!

Исусе, Спасителу мој спаси ме!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”

Претходна статијаКако да ја надминеме сопствената гордост ?! (Трагедијата на човечката суета)
Следна статијаБИДИ ЗА НАС СЕ` и дај Тeбе да ти посветиме се` свое !(молитва)