КОНДАК 8

Гледајќи како Бог чудесно се вочовечи, да отстапиме од суетниот свет и умот свој кон божествени нешта да го исправиме.

Оти Бог затоа на земјата слезе, за да нè воведе на небото нас кои му воспеваме: „Алилуја!”

ИКОС 8

Сиот беше меѓу земните и од небесните не отстапи, Безмерниот, кога заради нас доброволно пострада, и co смртта Своја нашата смрт ја умртви и co воскресението живот им подари на оние кои воспеваат:

„Исусе, сладост на срцето;

Исусе, Крепост на телото!

Исусе, Светлост на душата; Исусе, Бистрино умна!

Исусе, Радост на совеста; Исусе, Надеж сигурна! Исусе, Памјат предвечна;

Исусе, Пофалбо висока!

Исусе, Славо моја возвишена!

Исусе, Желбо моја не отфрлај ме;

Исусе, Пастиру мој побарај ме!

Исусе, Спасителу мој спаси ме!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”