Личноста која одигра важна улога при крштението Христово е чесниот Претеча, Јован Крстителот.

Се работи за една голема појава, за еден голем пророк, којшто се наоѓа на границата помеѓу Стариот и Новиот завет. Тој е последниот од Пророците на Стариот завет и првиот од пророците на Новиот завет.

Начинот на неговото зачнување беше чудотворен, т.е. бидна co Божја интервенција, преку семето на татко му Захарија, a не од Духот Свет.

Неговото раѓање се поврзува co чудотворни собитија. Неговото пребивање од тригодишна возраст во пустината го покажува неговото ангелско живеење.

Проповедта за покајанието беше подготовка на народот за дочекувањето на Месијата.

Неговото смирение е величествено. Но и начинот на неговото усовршување покажува дека достигнал до големите висини на благодатта.

Чесниот Претеча бил Христов роднина, бидејќи Неговата Мајка, Елисавета, била роднина co мајката на Спасителот (Богородица). Кога чесниот Претеча беше шестмесечен ембрион во утробата на својата мајка, тогаш се случи Благовештението на Богородица, од што разбираме дека Јован Крстител бил шест месеци постар од Христа.

Јован Претеча Го прими Светиот Дух, Кој го покажа како пророк, додека беше во утробата на својата мајка, шестмесечен ембрион.

Затоа што, кога Богородица, која само што зачна co силата на Светиот Дух, ја поздрави неговата мајка, Елисавета, тогаш „заигра младенецот во утробата” (Лк. 1, 41).

Така стана пророк и и’ го пренесе својот пророчки дар на својата мајка, бидејќи и таа на тој начин ја позна мајката Господова (свети Григориј Палама).

Многу се називите што му се дадени на Јован Претеча.

Зборот Јован значи дар Божји.

Претеча значи тој што му претходи на патот, т.е. предвесникот на Месијата.

Се нарекува Крстител затоа што Го крсти Христа.

Свети Козма Мајумски во канонот на Богојавление го именува co три изрази: глас на Логосот, светилник на Светлината, зороносец на Сонцето.

Синот и Логосот Божји е воипостасниот Логос на Отецот, Јован е глас на Логосот.

Христос како Бог е беспочетната и нетварна светлина, Претечата е светилникот.

Христос е Сонцето на правдата, блескавото Сонце на Божеството, а Јован е зороносецот, т.е. зората што го предвестува изгревањето на сонцето.

Така, сите имиња, епитети и фрази се поврзуваат co неговото основно дело, да предвести за доаѓањето на Месијата.

Пренесено од книгата “Господовите празници”

Подготви: Мина Даниловска

Претходна статијаБог е „оган што изгорува”, кој го гори злото…!
Следна статијаКон преслаткиот Господ наш Исус Христос – АКАТИСТ