Bo светоотечкото предание се прави поврзување меѓу настанот на Христовото Крштение во реката Јордан и чудотворниот премин на Израилците преку Црвеното Море.

Како што co чудотворното дејство на невоплотениот Логос, преку Мојсеј, Египќаните беа потопени и Израилците се ослободија, така и овде, co силата на воплотениот Логос се пресоздава трулежниот човек и се уништуваат демоните, т.е. ja губат својата сила.

Свети Никодим Агиорит вели дека на керамичарот за да направи еден сад му требаат два елементи, т.е. вода, за да се поткваси земјата, и оган, за да го обработи потквасениот материјал и така да го оформи.

Истото тоа го направи и Бог, големиот керамичар на нашето тесто. Бог, сакајќи да ја пресоздаде нашата природа која беше повредена од гревот, употреби оган и вода.

Оганот го зема од Себеси, бидејќи како Бог е „оган што изгорува” кој го гори злото, а водата ја позајмува од реката Јордан.

Факт е дека co Христовото вочовечување, co стадиумите на Божјиот домострој и, секако, co крштевањето во реката Јордан, го пресоздава човечкиот род. По падот и повредувањето на нашата природа го имаме пресоздавањето и преродувањето.

Тоа пресоздавање е возможно, од една страна затоа што по гревот човечката природа не исчезна наполно, а од друга страна, затоа што Самиот Бог е создател на човекот и Самиот е неговиот пресоздател.

Крајно невозможно е да сопостојат тие два елементи заедно, т.е. водата и огнот.

Затоа што огнот не може да се запали на влажно место, а водата го гаси огнот.

На реката Јордан можат да сопостојат, затоа што огнот е несоздаден (нетварен), додека водата е создадена (тварна).

И затоа нетварниот оган не е под влијание на тварниот елемент на водата, туку спротивно, тварната вода се осветува со огнот на Божеството.

Пренесено од книгата “Господовите празници”

Подготви Мина Даниловска