Нема крст поголем од силата што го носи
Ha преглед ми доаѓа психички болен млад човек.
Ha лекар не го довело влошувањето на самочувството, туку жепбата да биде ислушан, утешен. Боледува од таква форма на психоза при која личноста останува релативно зачувана. Свесен е за својата болест.
Co изморен глас вели: „Докторе, понекогаш ми се чини дека Господ ме остави, дека мојот живот е бесполезен и бесцелен. Ha товар сум и на мајка ми, која е веќе старица, работа немам, пензијата не ни стигнува крај co крај да врземе…”
Разговорот беше тегобен. На младиот човек му е мошне тешко. Нужна му е помош. И, се разбира, Господ не го заборавил. Се’ е волја Божја.
Само треба да се верува во тоа дека се’ ни се дава од Себлагиот Господ заради спасение. He смееме да му се препуштиме на очајот. Пред Бог не се важни позициите и успесите, туку верата, смирението и безропотното носење на сопствениот крст.
Протојереј Владимир Воробјев во врска co ова вепи:
„Свештеникот мора да му објасни на човекот дека душевната болест не е срамота. Тоа никако не е состојба пречкртана од животот. Тоа е крст.
Овој човек нешто не може да направи така како што прават здравите луѓе. Ho тој може да се смири, и треба да се смири. Тој многу нешта не разбира, но треба да послушува. И ако се успее на таков болен да му се објасни дека треба да се смири, тогаш е се’ во ред.
Тој секако ќе се рехабилитира и ќе смогне исполнето да живее во Црквата. За него не е затворено ниту Царството Божјо ниту благодатниот живот.
Често ми велат:
‘А зошто Вие благословувате да се пијат таблетки? Зарем од душевно заболување може да се лекува co таблетки?
Еве јас дојдов во Црквата. молам за благодат Божја, сакам Бог да ми Ја исцели болната душа. И зошто ме праќате на лекар? Зарем благодатта Божја не е делотворна?’
Благодатта Божја е делотворна и навистина дејствува, и секој човек, дури и најболниот, Бог може во еден миг да го исцели од секоја болест:
фатениот да прооди, слепиот да прогледа, a психички болниот да оздрави. Ова е несомнено.
Но зошто Господ не го прави тоа? Еве, ти си куц и куцај цел живот.
Зошто? Затоа што Господ те смирува на таков начин, затоа што Бог ти наложил таков крст. А можеби ти самиот тој крст некогаш си го избрал.
Треба да се смируваш. Еве, тебе не ти е дадено да гледаш co двете очи, туку само co едното. A ти, пак, ќе бидеш глув…
Исто е и co секоја друга болест, и co психичката. Господ може да те исцели. Но сега или, можеби, цел живот, Он сака ти да се обраќаш за помош на лекар. Ова воопшто не значи дека не треба да се причестуваш и дека лекарот ти е замена за Причеста…
Духовен живот е можен само тогаш кога човек ќе се согласи да ја признае вистинската поставеносг на нештата и кога ќе се смири, кога ќе се согласи да живее co крстот што Господ му го дал”.
А еве како не’ поучуваат светите Отци.
Светиот праведен Јован Кронштатски велел:
„Најголемата, постојаната заблуда на нашето срце co којашто мораме непрекинато да се бориме, цел живот, е неговата тајна помисла дека можеме без Бог и надвор од Бог каде било и кога било, макар и еден миг”.
Преподобен Никодим Светогорец не’ поучува вака:
„Болен ли си или несреќен, трпи. Ништо освен трпение Бог не бара од тебе.
Благодушно трпејќи, постојано ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да те погледне, Бог ќе види дека правиш добро или дека пребиваш во доброто, ако благодушно трпиш; а кај здравиот, пак, добрите дела се непостојани, co временски растојанија. Сакајќи промена на својата положба, зошто сакаш да го промениш доброто на лошо?”
Bo доменот на духовната грижа за психички болните парохијани, свештеникот треба да има предвид дека кај верникот болеста е тесно испреплетена co неговата религиозносг. И покрај тоа што душата боледува, таа верува и се стреми кон Создателот.
Ако се обидеме усповно да ги поделиме во две групи сите болни на коишто во сиве овие години имав можност да им укажам лекарска помош, и ако во едната група ги вброиме верниците, a во другата оние што Го одрекуваат Бог и Неговата Црква, тогаш ќе забележиме дека дури и клиничкиот тек на заболувањата во овие групи значително се разликува.
Ќе наведам само еден пример.
Еднаш разговарав co еден болен кој страдаше од мошне тешко психичко заболување, и кога се обидов да го утешам, мојот штитеник спокојно и сериозно ми одговори:
„Докторе! Положбата во којашто се наоѓам е најспасителната за мене”.
Мe трогна до срце овој негов одговор.
Се разбира, постојат различни заболувања и различни болни, но ќе повторам: тенденцијата, според мене, е токму ваква. Поинаква и не може да биде.
Господ е милостив.
Пренесено од книгата “Униние и депресија” (Православен поглед) од д-р Дмитриј Александрович Авдеев