Депресија на поодмината возраст
Ha мајка ми и’ поставија дијагноза “инволутивна меланхолија”. Be молам, кажете ми какво е ова заболување.
Инволутивната меланхолија е болест која може да се појави на поодмината возраст. Уште по називот може да се определи дека основата на оваа патологија е болна потиснатост на расположението.
Главните симптоми на инволутивната меланхолија се вознемиреност и тага, кои се изразени во различен степен.
Оваа болест обично се развива постепено. Почетниот период трае околу 2-3 месеца, кога се чувствуваат т.н. предвесници: се нарушува сонот, се јавува замор и слабост, се влошува помнењето.
Провоцирачки фактори може да бидат карактеристичните за оваа возраст промени на социјалниот статус и на материјалната положба, загубата на брачниот партнер, принудното преселување, конфликти co децата.
Многу повозрасни луѓе ги тревожи политичката и економската нестабилност во денешно време, кое се карактеризира co локални војни и девалвација на националната валута, што резултира co загуба на заштедата и многу други непријатни околности.
Една стара француска поговорка вели: секој старее така како што живеел. Длабока е смислата на овие зборови. Co секоја измината година телото старее, но душата…
Душата е нематеријална, и ако пребива во Бог, во староста носи богати плодови.
Свети Теофан Затворник, зборувајќи за возрастите на добродетелниот христијански живот, вака ја опишува машката возраст (зрелата, совршената):
„Тоа е време кога внатрешната борба стивнува и човек почнува да ги вкусува спокојот и спадоста на духовните богатства. Земјоделец кој по жетвата ги вкусува плодовите на својот труд, или тесто заквасено и стасано, во целост надојдено – такви се лицата на совршената возраст.
Премудриот Сирах го прикажува дејствувањето на премудроста, како таа отпрвин го измачува и го искушува својот миленик, а потоа се појавува пред него за да го зарадува и да му ги открие своите тајни (види Сирах 4, 18 и понатаму).
Таков е карактерот на духовниот маж. На мажот му припишуваме цврстина, достоинственост, непоколебливост, опит”.
Свештеникот и лекар о. Валентин Жохов го пишува следново за зрелиот христијанин:
„Пред нас немаме старче, туку старец кој побудува богобојазливи чувства. Такви христијани co иконописен лик може да сретнеме токму среде православните.
Благоликоста, благородноста не доаѓа сама од себе, туку е плод на нивниот труд и трпеливо поднесените болести”.
Еден мој пријател одамна ми раскажуваше дека долго ја барал Вистината, размислувал за вечноста, но дефинитивно се закотвил во Православието, откако сретнал една повозрасна жена која се враќала од црковна служба.
„Каква природност, скромност и благородност имаше во нејзината надворешност, во нејзиното држење. А во очите толку добрина!” – се сеќаваше тој.
Најверојатно на многу православни им е познато она чувсгво на возбуда и длабока почит истовремено што те обзема кога разговараш co опитен старец, духовник. По таквите средби во срцето имаш сладост, мир, спокој.
Ho, денес повеќето постари луѓе се чеда на триесетите, четириесетите години. Од година на година, co децении во душите им го всадувале атеистичкиот „поредок”. Партијата и комсомолот им ги наметнувале своите вредности.
Преосмислувајќи го животот co текот на времето, особено во последните години, некој од нив и’ пријде на Црквата, се покаја и Го најде Бог, а други и понатаму им се верни на младешките идеали, си го губат времето и преостанатите сили no митинзи, жестоко обвинувајќи ја власта и труејќи се себеси co горчини.
Тагата им станува природна како и дишењето.
Секако, човечки може да ги разбереме: животот им поминал, а правдата не ја нашле. Функциите, позициите и заслугите се веќе минато, парите им се обезвредниле во текот на реформите.
Вознемирената душа се мачи; чувствувањето на надвиснатата немоќ, стравот и горчината поради реалната или вообразената осаменост не и’ даваат мир. Се случува стари луѓе да си посегаат по животот и ваквите случаи, за голема несреќа, ги има се’ повеќе.
Bo староста се разголува јадрото на личноста.
Ha пример, добриот човек не ја изневерува својата добрина, чувствителниот човек може да стане плачливо-сочувствителен, а скржавиот — болно стиснат итн.
За депресијата на поодмината возраст придонесуваат: соодветниот карактер на човекот, васкуларните нарушувања, психотраумите и редица други околности.
Ha Вашата мајка би и’ препорачал редовно да оди на преглед на лекар-психијатар. Ако е верничка, тогаш е добро да се сретнете co нејзиниот духовник или co свештеникот кај кого најчесто се исповеда.
Објаснете му го карактерот на нејзиното заболување за да ја подготви неопходната сгратегија за душевна грижа. Замолете го да се моли за неа.
Пренесено од книгата “Униние и депресија” (Православен поглед) од д-р Дмитриј Александрович Авдеев