51.
1951 г.
Вашето писмо го добив навреме. Во потполност ја разбирам вашата голема тага, дури и сочувствувам co вас.
Што да се прави! Па неволјите не ни доаѓаат без Божјата волја; кога не би имало неволји, не би имало ни спасение (без неволја, нема богомолие).
Неволјите и жалостите, сепак, многу не’ смируваат, а секого и насекаде го следат, само во различни форми. Судовите Господови се недостапни за нас грешните и никаков ум не може да проикне во нив, бидејќи Господ им испраќа на лугето различни неволји:
на едни многу тешки, а на други — лесни. „Против неволјите и жалостите постои едно средство — трпение и молитва”, рекол преп. Марко Подвижник.
Голема грешка ни е што малку мислиме на преминот во другиот свет. Па нашиот живот во оваа долина на плачот не е ништо друго, освен пат кон вечноста и подготовка за неа.
О вечност, ти си вечност што нема крај! Страшно е и тука, но иако понекогаш тешко се живее, бидејќи ни доаѓаат тешки неволји и тешки болести, сепак ни се дава и некоја утешителна помисла: ќе умрам и сето тоа ќе заврши. А таму, што ме чека таму!?
Господи! Спаси не’ грешните по патиштата што ги знаеш! Амин!
Напишавте:
“Вие ја знаете мојата неволја co која се спасувам во молитвената доверба и милоста Божја, препуштајќи на Неговата блага волја според Својата промисла, се’ да направи за наше добpo”.
Toa е добро кажано, дури и потресно, до солзи. Всушност, само така ќе ги олесниме неволјите и ќе ја избркаме вознемиреноста. Вие го читате преп. Варсонуфиј Велики — многу поучна книга. Јас сиот живот ја читам и не можам да и’ се изначитам.
Светото писмо можат правилно да го разберат само чистите по срце, само тие ja поимаат волјата и намерата Божја во Писмото.
А на луѓето co срце неочистено од страсти, Писмото ќе им биде камен на сопнување.
He би ни одговорил на вашето писмо, но заборавив на својата непросветеност и го напишав она што ми лежеше на срце.
Пренесено од книгата “Писмата на валаамскиот старец”