Старче, дали е правилно да велиме за оној што неправедно постапува кон нас:
„Бог да му врати за тоа”.

Оној што зборува така е излажан од ѓаволот, затоа што не сфаќа дека на тој начин „учтиво” колне.

Има луѓе кои велат за себе дека се чувствителни, дека се полни co љубов и такт, дека ги трпат неправдите што им ги нанесуваат луѓето, но говорат:

„Бог да им врати”.

Сите ние овде полагаме испити за да влеземе во оној другиот, вечниот живот, во рајот.

Помиспата ми говори дека ова „учтиво” колнење е под секое духовно ниво, и дека е недопуштливо за христијаните.

Зашто, Христос не нѐ учел на таков вид на љубов, туку
– ,,Оче, прости им, оти не знаат што прават” /Лк. 23, 34/.

Исто така, поголемо од сите благослови е кога неправедно нѐ колнат, а ние тоа го примаме молчешкум, благодушно.

Кога сме наклеветени, или кога трпиме неправда,
било тоа да е од површни, или од злобни луѓе кои се расипани и ја искривуваат вистината,
ако е можно – да не бараме правда, кога неправдата се однесува само на нас, ниту да говориме:

„Бог да му врати” затоа што и тоа е клетва.

Добро е да им опростиме од сето срце, и да се молиме Бог да ни даде сила да можеме да го износиме товарот на клетвата,
и да го продолжиме духовниот живот /во тајност. ако тоа е возможно/.

Луѓето, кои според својот типик, само судат и осудуваат, нека продолжат да ни нанесуваат неправди, затоа што co тоа ни подготвуваат златни венци за оној, вистинскиот живот.

Секако, оние што се близу до Бога никогаш не проколнуваат, зашто во себе немаат злоба, туку само добрина.

Секое зло што ќе се фрли врз овие осветени луѓе, се осветува. Така тие чувствуваат голема, за другите – невидлива радост.
Старец Пајсиј

Претходна статијаСв. Порфириј Кавсокаливит – Животот без Христа не е живот!
Следна статијаСв.Теофан Затворник : Кога молитвата е вистинска молитва?!