БОЛЕСТИ И НЕСРЕЌИ КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦА НА КЛЕТВА

Многу болести за кои лекарите не наоѓаат причина, може да потекнуваат од клетвите.

Што да најдат лекарите тука? Проклетство? Еднаш во ќелијата ми донесоа некој инвалид. He можеше да седне.

Неговото тело беше вкочането како дрво. Еден човек го носеше на грб, а другиот го придржуваше одзади.

Поставија две дрвени трупчиња, па овој кутриот малку се потпре. Оние што беа co него ми рекоа:

– Bo ваква состојба е од својата петнаесетта година; оттогаш поминаа осумнаесет години.

– Ho како му се случило тоа? Од туку така? – ги прашав.
– Невозможно, тука има нешто.

Прашував, барав, од ваму, оттаму и открив дека некој го проколнал. Што се случило?

Еднаш одел на училиште co автобус и бил испружен сам на целото седиште.

На некоја станица влегле стар свештеник и еден старец и застанале покрај него.

Тогаш некој му рекол: „Стани да седнат овие старци”.

Тој уште повеќе се испружил на седиштето, без да се обеспокојува. Тогаш старецот што стоел му рекол:

„Да останеш така испружен и никогаш да не можеш да седнеш”.

И проклетството се остварило.

Гледаш, момчето било дрско.

Мислело: „Зошто да станам кога веќе платив?” Да, но и овој другиот платил, а покрај тоа е и стар, достоен за почит, стои додека ти си детиште, a седиш.

– Од тоа е – му реков. – Гледај да се покаеш за да оздравиш. Потребно ти е само покајание.

– Кутриот човек, штом ја сфати вината и штом го призна тоа, веднаш се доведе во ред.

Колку од тоа што ни се случува денес, произлегува од клетвите, од јадот.

И кога исчезнуваат цели семејства или кога умираат многу членови од едно семејство, знајте дека тоа се случува, или поради некоја неправда, или поради магија, или поради клетва.

Еден човек имаше син кој многу сакаше да излегува /да шета, да скита/. Еднаш, co лутина му рекол:

Да даде Господ да дојдеш еднаш засекогаш”.

Момчето таа ноќ, кога се враќал дома, точно пред вратата, го прегазило автомобил.

Останал мртов на самото место. Неговите пријатели мртов го внесле во куќата. Подоцна неговиот татко дојде во мојата ќелија. Се расплака.

– Детето ми загина пред прагот на куќата – ми рече.

Одврти, заврти, а потоа ми кажа:

– My реков нешто.

– Што си му рекол? – го прашав.

– Бев лут што доаѓа доцна, па му реков:

„Да даде Господ да дојдеш еднаш засекогаш”.

Дали, можеби, тоа се случи поради овие зборови?

– Па, од каде инаку? – му реков – гледај да се покаеш, да се исповедаш.

„Да даде Господ да дојдеш еднаш засекогаш”

и детето му го донесле мртво.

Што вреди после тоа што таткото се удира, што плаче..

Пренесено од книгата ,,Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаСветите четириесет маченици во Севастија
Следна статијаСтарче, дали Црквата признава „лошо” око?(Старец Пајсиј)