„КОМУ СТЕ МУ ДОЛЖНИ ДАНОК – НЕКА МУ СЕ ДАДЕ ДАНОК…”

Старче, кога купуваме нешто за манастирот, некои трговци не сакаат да ни дадат сметка. Како да постапиме во таков случај?

 

Секогаш барајте да ви дадат сметка, но и намалете ги своите потреби.

Ограничете ги потребите и земајте само неопходни работи. Да сум на ваше место јас така би постапил.

Сето она што навистина ви е потребно, Бог ќе ви го испрати.

Ако ние монасите не бараме да ни дадат сметка, ќе ги поттикнеме и другите да згрешат.

Ќе речат:

„Кога така прават манастирите…”

Ако ние, кои сакаме да ги исполнуваме заповедите – постапуваме така, знаете ли колкумина соблазнуваме?

Кому сте му должни данок – нека му се даде данок…, вели Светото писмо.

Кога испраќам писмо, не по пошта туку пo некој човек, јас сепак лепам поштенска марка.

Мирјаните, можеби, и ќе имаат оправдување, но манастирите што постапуваат така – се нечесни, затоа што го заобиколуваат Евангелието.

Кога не даваме материјални работи… кој сака да ти ја земе кошулата, дај му ја и наметката /Мт. 5, 40/, лошо проповедаме, затоа што после тоа мирјаните ги оправдуваат своите падови.

Гледаат да најдат што било за малку да ја успокојат совеста. Да внимаваме затоа што на
денот на судот нема да имаме оправдување.

Нашата цел е да се бориме повеќе за духовни, а не само за материјални работи.

Кога, поради некоја причина, нема да ви дадат сметка, тоа сметајте го за духовна штета.

Понекогаш се случува некој да подари малку пари како дар, а после бара да му напишеме сметка co поголема сума. Што да правиме?

Речете му:

„He даваме сметка co поголема сума.

Ако не сакате така, ќе ви ги вратиме парите.

Можеби на друго место ќе можат да Ви помогнат”.

Немој да се случи да ве снајде некоја таква беда.

Старче, еден мајстор бараше од нас да го отпуштиме од работа за да се пријави во Бирото за вработување, а потоа да продолжи да работи за нас.

He, бре дете, тоа не е добро!

Ако некој има барем малку совест тоа не би го направил!

На манастирот не му прилега таква работа!

Подобро е, дури и ако манастирот нема доволно пари, да му исплати дупла плата, само да не направи такво нешто.

Тоа е голем престап.

Благословот донесува благослов, а неправдата донесува пропаст.

За ова треба да водите многу сметка.

He треба ниту да се ценкате co мајсторите.

Поради тоа после настануваат пожари и неволји по манастирите.

Еден службеник дава заклетва дека совесно ќе ја извршува својата работа. Ние како монаси не даваме таква заклетва, туку двојна; даваме духовно ветување, а ако го погазиме – тоа е наш двоен грев.

Внимавајте да го одржите добриот правец за дa постои и нешто што е поинакво, нешто што е добро.

Гледам како созрева една рана. Ќе пукне и ќе се исчисти Бог не дава благодат /кога се наоѓаме/ во промашена состојба. Тoa би било како да му помага на ѓаволот.

Гледајте да бидете искрени, честити. Оваа /денешна/ состојба е како некој пијан човек што се тетерави.

Може ли да стои? Ќе се излие Божјиот гнев. Ќе полагаме испити.

Првата фаза ќе биде – да се одвои бакарот од златото. Втората фаза – ќе покаже колку карати има златото на секој од нас.

 

Светот се движи во лага. Луѓето станаа лажговци. Изградија некоја сосема поинаква совест.

Не можам да станам лажго, не можам да се променам себеси само затоа што тоа го бара општеството.

Подобро ми е да се мачам. Човек треба да внимава да не се фати на тоа светско ορο. Ho, и овој денешен економски систем не оди во прилог на чесноста. Луѓето се
принудени да пријават помалку отколку што нависина имаат или да направат нешто слично на тоа. Искарав едни даночни службеници, инаку верници.

– Што правите? – им реков. Внимавајте да остане малку квасец.

Bo предвид имам многу работи!

Некој оди во даночната спужба и вели:

„Имам приход од еден милион”. Даночниот службеник пишува како да има три милиони, затоа што постојат и такви кои пријавуваат една третина од своите приходи, и на тој начин ги опфаќаат сите.

Но ако човекот е совесен, а вие го „дерете” запишувајки трипати поголем приход, го принудувате да стане лажго.

Односно, наместо да помогнете малку да се промени ситуацијата, вие го правите спротивното.

Тие ми одговорија:

– Па, ние не знаеме кога ни ја кажуваат вистината.

– Ќе знаете, ако живеете духовно. Тогаш ќе можете да ја разликувате вистината од лагата. Бог ќе ве известува, и ќе ви биде јасно – им реков.

Пренесено од книгата ,,Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаСв. Јован Шангајски – кратко видео од неговиот благослов на верните
Следна статија5. Недела на Св. Марија Египетска (Свети Андреј Критски)