…Колку повеќе нашиот ум се задржува на Господа Исуса Христа, како на совршена чистота и светлина, толку повеќе нашиот ум, a преку умот и срцето и душата, стануваат сѐ почисти, осветлени, посветли и повидовити.

Ако се одврати умот од Бога, ако се откаже од Бога и хули на Бога, тогаш светилникот на душата згаснува, тогаш прозорецот на собата е заѕидан, а водачот на душата се лизнал од патот и паднал во бездна.

Дури тогаш колкава ли е темнината на душата!

Тогаш настанува збрка во душата, и слепечко тапкање и пипање де по овој де по оној пат.

Една моментална мисла ќе се истакне како водач на другата,

како една вештачка искра, но таа брзо гасне и му го предава водството на моментално чувство, кое пак го сменува друго чувство и друга мисла, сѐ додека човекот најпосле не падне во темнината на човечкото очајание.

Тогаш изнемоштената и затемнета душа наполно му се предава на водството на телото, кое е вистинска темнина и слепило без душевна виделина.

И телото станува водач.

И слепецот почнува да го води слепиот додека двајцата неминовно не паднат во бездна.

Цитираните Христови зборови се однесуваат и на родителите и на учителите, на државниците и на свештениците на Црквата Божја.

Родителите се како очи за своите деца,

a така и учителите за своите ученици, a така

и државниците за својот народ.

Ако тие што одат напред не гледаат каде одат, уште помалку ќе гледаат оние што одат по нив.

Ако родителите залутале, како ќе го најдат децата вистинскиот пат?

Ако учителите зборуваат лаги, како учениците ќе ја знаат вистината?

Ако народните
се безбожни, како ќе биде набожен народот?

Ако свештениците Божји се нечисти, како ќе бидат верниците чисти?

Тогаш на сите нас ќе се остварат пророчките зборови кои безброј пати се исполнија врз израилскиот народ:

„Co очи ќе гледате и нема да видите” (Мат. 13, 14; спореди со Jов. 9,39).

To ест: co телесните очи ќе ги гледаат духовните нешта и настани, a не ќе ги видат; бидејќи телесното око гледа она што е телесно, но духовното око или умот го гледа она што е духовно.

Но, бидејќи кај нив окото на умот е заслепено, тоа сѐ што е духовно на небото и на земјата за нив останува невидливо и непознато, бидејќи тие гледаат само co телесните очи.

“А телесниот човек не го разбиpa она што е од Божјиот Дух, за него тоа е безумство и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита” (1. Кор. 2,15).

Омилии

Претходна статијаТрета недела по педесетница (Умот е око на целата душа…)
Следна статија“А ние имаме ум Христов” (1. Кор. 2,16). – Омилии