ЗА УМОТ, ДУШАТА И СРЦЕТО – ЧИСТИ И СОВРШЕНИ
ЗА ЧИСТИОТ УМ:
„Чист е оној ум кој се ослободил од незнаењето, се озарува со Божествената светлина“.
ЗА ЧИСТАТА ДУША:
„Чиста е онаа душа, која откако ќе се ослободи од страстите, непрестајно се радува со Божествената љубов“.
ЗА ЧИСТОТО СРЦЕ:
„Чисто е она срце, кое, имајќи секогаш чисто спомнување за Бога, без вообразби и без слики, секогаш е готово да се отпечати со впечатоци од него, со какви Он благоволил да му се јавува“.
ЗА СОВРШЕНИОТ УМ:
„Совршен ум е оној, кој, откако преку верата го познал Оној, Кој е над секое познавање и кој откако ги познал и Неговите созданија, – примил од Бога сеопфано знаење за Неговата промисла и за Неговиот суд, во општи црти, се разбира, колку што е тоа можно за човекот “.
ЗА СОВРШЕНАТА ДУША :
„Совршена душа е онаа, чија пожелна сила е целосно устремена кон Бога.“
ЗА СОВРШЕНОТО СРЦЕ:
„ Совршено се нарекува она срце, кое нема никакво природно движење кон нешто или некакви вообразби; на него, како на добро измазнета и исчистена штица, Бог пристапува и заради неговата простота, ги испишува врз него Своите закони.“
Кон ова ќе го додадеме следново:
За чистотата на умот : – Според свети Диодох, – „очистувањето на умот е дело на Единиот Свет Дух.“
И уште според Јован Лествичник:
„Запазувањето на умот од расеаност е исто така е дело само на Светиот Дух .“
И Свети Нил Синајски говори:
„Тој што посакал да ја види состојбата на својот ум, тој треба да се испразни од сите помисли, и тогаш ќе го види сличен на сафир или небесен цвет.“
– И уште.истиот вели:
„Сосотојбата на умот е духовна височина, слична на небесен свет, врз кој, за време на молитвата, се појавува светлината на Света Троица.“
– И Свети Исак Сириски пишува:
„ Кога умот ќе го осблече стариот човек и ќе се облече во новиот, во благодатниот, тогаш ќе ја види својата чистота, слична на небесен цвет, кој, старешините на Израилевите синови, го именувале „местото каде што стоеше Бог“ (2. Мој. 24, 10),
кога Бог им се јави на планината“.
Правејќи вака, како што е веќе речено, ако се молиш чисто, – без вообразби и без слики, ти ќе одиш по степенот на светиите.
А, ако не се молиш така, ти, место безмолвник, ќе бодеш мечтател и место да береш грозје, ќе собираш трње.
Но, да не биде така со тебе !
(ДОБРОТОЉУБИЕ , извадок од – Поука за оние што безмолствуваат , стр. 378)