„…Денес христијаните кај нас имаат магична претстава за Црквата.
Велат:
„Ако одиш во црква, добро ќе ти тргне работата“.
А помеѓу христијаните има и луѓе кои не работаат, има и млади, образовани кои не можат да си најдат работа, и банкротирани бизнисмени.
Велат:
„Ако не одиш во црква, сè на лошо ќе ти тргне“.
Но Христос, Кој слегол на земјата, не притискал ничија совест.
Ние немаме право да се закануваме, да го плашиме светот, и да пееме песни за непостоечкиот Бог, односно за Бог кој казнува, кој е одмаздољубив, жесток, завидлив и неријателски настроен, за Бог кој дава добри работни места, солидни плати, високи пензии и бенефиции, добросостојба, договечност итн.
Ние сме слични на промотори на некои нови козметички продукти за убавина или како адвокати на неправедно постраданиот Бог.
Ние, христијаните од тврдоглвиот 21 век, сè уште не сме разбрале, дека Црквата е Христос Кој спасува, но тоа не го прави по заслуга на никој од нас.
Христос рекол дека ако ние со целото срце сакаме совршенство, треба да Го следиме Него.
Денешните христијани стануваат државни обвинители, поголеми цареви од царот, со необјаснива ревност, со неразумна усрдност, со лажно мисионерство.
Но, драги мои, сите светители во нашата Црква претежно биле болни и бедни луѓе, често прогонувани, немоќни,
презрени, на кои ние поглед не би им фрлиле.
Христос се прославил на Голгота. Страдањето ни е сопатник во нашиот живот.
Символ на христијанството е крстот.
Недозволиво е да се искривува вистината.
Во Црквата страдњето продолжува да постои, но тоа има смисол, има излез, тоа води кон воскресение.
Ние немаме право, како што прват некои политичари пред избори, да го мамиме народот, ветувајќи му земен рај. Христос рекол дека во светот ќе имаме маки.
Он не ги нарекува блажени, оние кои го трошат времето на забави. А ние си создаваме неохристијанство по наши стандарди, за сопствени потреби, релаксирачко, спокојно, удобно, лесно, без никаква вредност, антиаскетично, на крајот на краиштата, антиевангелско.
Од ваква гледна точка, Божествената Литургија во храмот – едноставно слушање на зборови и созерцување обреди – може спокојно да се погледа на телевизија, седејќи во фотелја, или да се послуша на радио во автомобилот.
Тука нема жртва, нема соучесништво, бдеење, средба на верните во Таинството.
Кога еден бездомник, кој е нељубезен, недружељубив, осамен и несреќен, ќе ѝ пријде на една христијанска заедница, треба да биде затоплен со љубов и вистина.
Ако тој се соочи со нашата небрежност, негостољубивост, рамнодушност, изнемоштеност и неодлучност, тогаш тоа е трагично и за нас и за него.
Ако ние ја немаме светлината и радоста од духовниот опит и живот, тогаш што можеме да понудиме?
Тој сето ова ќе го најде и на друго место, а можеби и во некој подобар вид.
Ако ние, христијаните, ја немаме радоста од личната средба со Христа, тогаш каков смисол има нашиот христијански идентитет и формалното посетување на црквата?
Св. Григориј Синаит вели:
Ако не знаеме какви нè создал Бог, тогаш не знаеме и какви нè направил гревот.
Ако не ја знаеме светлината на благодатта, значи добро ни е и во полутемнина.
Со светлината се открива нашата реалност.
Со светлината ќе се отвори и вистината на Црквата. Црквата не е она што ние си замислуваме, она што одговара на нашите потреби.
Црквата е мајчинска прегратка која сака да ги спаси сите што сакаат да се спасат.
Тоа не е институција, не е идеологија, не е група, не е систем, не е партија.
Црквата не суди, не прекорува, не бара приврзаници, не се менува, не прави поделби, не се изморува,
не се одмара, не се обеспокојува поради убедливи аргументи,
никогаш не се стреми некого да пороби или уништи.
Ве молам, обрнете внимание на тоа.
Ние денешните христијани, должни сме да станеме луѓе со чист духовен опит, за самиот наш живот да говори погласно од сите наши зборови, да не бараме чуда, да најдеме време за молитва, да му обрнеме внимание на другиот, да ги издржиме нападите на непријателот, да соработуваме со Бога.
Ние ќе го принесеме нашиот доброволен труд, а Он Неговата блгодат и милост, впрочем како што и секогаш се случува спасението на човекот.
Тоа е слевање на божествната благодат и човековиот труд. Човекот е создаден по образот Божји, и целта на неговото создавање е обожувањето.
Мисијата на Црквата е да го спаси светот; Таинствата на Црквата го осветуваат човекот, кој очистувајќи се, се просветлува и достигнува обожување.
Таква е правослвната теологија, антропологија, еклисиологија и аскетика на нашата Црква.
Да не бараме други патишта, кога единствен пат е спасението односно обожувањето и совршенството.
Старец Мојсеј Светогорец
Извор
МПЦ ОА