МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН ДАМАСКИН
Владико Човекољубив, ќе ми биде ли оваа постела гроб, или, ќе ја осветлиш мојата бедна душа со денот?
Ете, пред мене е гроб; ете, пред мене стои смрт!
Господи, се плашам од Твојот суд и бескрајните маки, а не престанувам да правам зло;
Тебе, Господи, мојот Бог, секогаш Те разгневувам и Твојата Пречиста Мајка, и сите небесни сили и мојот свет ангел чувар.
Знам, дека сум недостоен за Твоето човекољубие, туку достоен за секаква осуда и мака.
Но, Господи, сакал јас или не, спаси ме.
Зашто ако го спасиш праведникот, тоа не е ништо особено; и ако чистиот го помилуваш тоа не е ништо чудно, бидејќи се достојни за Твојата милост.
Но, врз мене грешниот направи чудо според своето човекољубие, за да не ја надвладее мојата грешност Твојата неискажлива добрина и милосрдие;
и како што сакаш – така направи со мене!