Браќа и сестри!

Свети Ермо во книгата „Пастир” пишува:

„Ако Господ не ни даруваше покајание, немаше да се спаси ниеден човек”. Светите Отци велат:

„Првиот дар на благодат, првиот дар на Духот Свет е – спознавањето на своите гревови”.

Кога благодатта ќе се допре до човечкото срце, тогаш човек ќе почувствува колку е тој далеку од Бога.

Преподобниот Антониј Велики пред смртта велел:

„Сиот мој долгогодишен живот не беше ништо друго туку непрекинат плач за моите гревови!”.

Понекогаш луѓето од светот ги прашувале подвижниците:

„Зошто цел живот го поминувате во плачење и покајание, а многумина во светот извршуваат тешки гревови и воопшто не се сметаат за грешници?”.

Светите Отци имаат ваков еден пример: кога водата е матна, во неа ништо не се гледа, кога таа ќе отстои, во неа веќе можат да се распознаваат мали камчиња, зрнца песок.

Во темна визба не се гледа нечистотијата, но ако зрак сонце пробие во неа, во него ќе видиме илјадници прашинки. Колку почиста станува човечката душа толку појacно таа ги гледа своите гревови.

 

Браќа и сестри! Што е покајанието?

Покајанието е – суд на човекот над самиот себе до Страшниот Суд.

Bo судот на светот колку што посурово судијата го обвинува престапникот, толку потежок приговор му се поднесува.

А овде обратно, колку совеста построго го разобличува човекот, толку е поцелосна неговата прошка, толку е поблиско неговото спасение.

Во што се состои покајанието?

За тоа да биде вистинско, неопходни се следните услови:

Прво, жал поради сопствените гревови.

Второ, чистосрдечна исповед пред свештенослужителот човекот на кого му е доделено посебно право да проштева и да разрешува гревови.

Но исповедта, како што ви кажав, треба да биде не само беседа, не само раскажување на своите гревови, туку плач за нив.

 

Зашто луѓето често раскажуваат за своите гревови без какво и да е покајание, а понекогаш дури и се гордеат co нив.

Трето, човекот треба да одлучи да не ги прави тие гревови повеќе.

Да има одлучност побргу да умре отколку повторно да греши.

Има една древна пословица:

„Мудриот двапати не паѓа на исто место”.

И, на крајот, четврт услов – човекот треба да се обидува да го исполнува својот живот co доброчинства, противставени на порано извршените гревови.

Тогаш, браќа и сестри, нашето покајание ќе биде примено од Бога.

Покајанието – тоа е основа на сиот духовен живот на христијанинот.

Зошто сме рамнодушни за време на големите празници?

Зошто, причестувајќи се, не чувствуваме како оган и светлина влегува во нашите срца?

Тоа е затоа што не сме ја пробудиле, не сме ја омекнале, не

сме ja очистиле душата co покајание.

A непокајаното срце е тврдо како камен.

 

Непокајаното срце е – врата, затворена пред Исус Христос.

Има една древна приказна за тоа како Господ ги испратил Своите Ангели да му го донесат најдоброто што ќе го видат на земјата.

И секој Ангел му принел дар на Бога од земјата.

Го немало само еден од нив.

Но се јавил и тој и му рекол на Бога:

„Ти донесов на дар солза на грешник. Видов како вечерта грешникот, презрен од сиот свет, самиот горко плачеше за своите гревови и се молеше за прошка.

Ја зедов неговата солза и Ти ја донесов”.

Господ рекол:

„Тоа е најдобриот дар. Солзата на грешникот кој се кае е – скапоцен дар за Мене!”.

Значи, браќа и сестри, онака како што сеќавањето на смртта, вкоренувајќи се во човечкото срце, му дава храброст да ги преживее сите преврати во животот, му дава длабок мир, така и покајанието се завршува co небесен спокој и чиста радост.

Пренесено од книгата “Патот на христијанинот” од Архимандрит Рафаил (Карелин)
М.Д.