ПОМИРУВАЊЕ

“Задача на Епископот, меѓу другото, е и да ги ублажува, да ги помирува и да воспоставува рамнотежа и хармонија помеѓу различните состојби во кои се наоѓаат луѓето, како и помеѓу самите нив.

Едни се богати, други сиромашни;

едни владеат, други се потчинети;

едни се здрави, други болни;

едни се слободни, други во затвор;

едните знаат, другите не знаат; како и многу други разлики:

верски, „национални“, „расни“ и др.

Сето ова Епископот е должен да го восогласи и усклади.

Ако оваа улога му биде овозможена на Епископот, тогаш восогласувањето ќе биде постигнато на мирен и за сите спасителен начин, кој од сите би барал многу мала жртва.

Ако на Епископот му ја оневозможиме таа улога, духовните закони ќе почнат да дејствуваат и рамнотежата меѓу разликите секако ќе се воспостави, но на многу поболен начин.

И секој што не помогнал разумно барање од Епископот, а можел, ќе доживее иста таква болка каква што игнорирал кај оној што страдал.

Прашање е само на време…“ – дедо Наум

Претходна статијаСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ ПУСТИНОЖИТЕЛ ПРОХОР ПЧИНСКИ
Следна статијаНајголема меѓу нив е љубовта – Свети Силуан Атонски