За Причеста

312. Што е тоа Света тајна Причест?

Причеста е Света тајна во која верниот, во вид на леб и вино ги вкусува самото Тело и Крв Христови за добивање на вечен Живот.

313. Како е востановена таа Света тајна?

Таа Света тајна е востановена на следниов начин: Господ Исус Христос пред самото Свое страдање )а извршил за првпат, на тој начин прелиминарно претставувајќи во неа живо изобразување на Своите спасителни страдања.

Причестувајќи ги апостолите Тој им дал заповед секогаш да ја извршуваат таа Света тајна.

 

314. Какво место има таа Света тајна во православното богослужење?

 

За Светата тајна Причест, во однос на христијанското богослужење, треба да се забележи дека таа го содржи главниот и суштествен дел на христијанското богослужение.

315. Bo кое богослужење се извршува Светата тајна Причест?

 

Богослужбата на која се извршува Светата тајна
Причест се нарекува Литургија.

 

316. Што значи зборот Литургија?
i
Зборот Литургија значи заедничко служење. Иако постојат голем број заеднички служења во Црквата, сепак особениот назив „Литургија” е усвоен токму за богослужењето на кое се извршува Светата тајна Причест.

 

317. Каде треба да се извршува Литургијата?

За местото во кое се извршува Литургијата треба да се забележи следново: таа бездруго треба да биде извршувана во храм (црква), во кој трпезата (престолот) или, во крајна мера, наместо трпезата, антиминсот, врз кого се извршува Светата тајна треба да биде осветен од архиереј.

 

318. Зошто храмот уште се нарекува и црква?

Храмот се нарекува црква, затоа што во него за молитви и Свети тајни се собираат верните кои ја сочинуваат Црквата.

 

319. Зошто трпезата се нарекува и престол?

Трпезата на која се извршува Светата тајна Причест се нарекува престол, затоа што на неа, како Цар, таинствено присуствува Господ Исус Христос.

 

320. Кој е општиот редослед за извршување на Литургијата?

Основниот поредок во Литургијата се состои во тоа што: како прво – се подготвуваат материјалните елементи за Светата тајна, како второ – верните се приготвуваат за примање на Светата тајна, и на крајот таа се извршува.

 

321. Како се нарекува делот од Литургијата во кој се подготвуваат материјалните елементи за извршување на таа Света тајна?

Делот од Литургијата во кого се подготвуваат материјалните елементи за Светата Тајна, се нарекува проскомидија.

 

322. Што значи зборот „проскомидија”?

 

Зборот проскомидија значи принос, предложение.

 

323. Зошто првиот дел од Литургијата се нарекува „проскомидија”?

Првиот дел од Литургијата се нарекува така во соодветственост на обичајот на древните христијани во црква да принесуваат леб и вино за извршување на Тајната. Поради таа причина тој леб се нарекува просфора, што значи принесување.

 

324. Bo што се состои смислата на проскомидијата?

Проскомидијата како дел од Литургијата се состои во спомнување на пророштвата и праобразите, а, делумно, и во спомнување на самите настани, кои се однесуваат на Рождеството и страдањето на Исус Христос.

Притоа, од просфората се зема дел кој е неопходен за извршување на Светата тајна; а исто така, се употребува и непходен дел на вино, кој соедниет co вода се влева во свештениот сад.

Притоа, свештенослужителот ја споменува целата Црква: прославените (канонизирани) светии, се моли за живите и за мртвите, за властите и за оние кои, според својата вера и co усрдност принесуваат просфори, или приноси.

 

325. Каков е лебот што се користи за проскомидија?

Лебот за Причеста треба да биде таков каков што бара самото име леб, како што бара светоста на Светата
тајна и како што тоа ни го дава примерот на Господ Исус Христос и апостолите, односно треба да биде квасен, пченичен леб.

 

326. Зошто за причест се употребува еден леб?

Тоа што за Причеста, според прописот, се употребува еден леб значи, според објаснувањето на апостолот, “дека лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите се причестуваме од еден леб” (1 Кор. 10, 17).

 

327. Зошто лебот што се приготвува за Причест се нарекува агнец?

Лебот што е приготвен за Причест се нарекува агнец, затоа што е образ на страдалниот Исус Христос, подобно на тоа како што во Стариот завет се изобразувал Неговиот Пасхален агнец.

 

328. Што е тоа пасхален агнец?

Пасхален агнец е агнецот кого Израилот, по Божјо повеление, го колел и јадел во спомен на избавувањето од погибел во Египет.

 

329. Зошто виното што се користи во Светата тајна Причест се соединува co вода?

 

Виното за Светата тајна Причест се соединува co вода затоа што тоа свештенодејствие се извршува според образот на Христовите страдања, а во време на страдањата од раната која My била нанесена на Христос во Неговото ребро потекле крв и вода.

 

330. Како се нарекува делот од Литургијата во кој верните се подготвуваат да ја примат Светата тајна Причест?

Оној дел од Литургијата во кој верните се подготвуваат за Светата тајна, древните христијани го нарекувале Литургија на огласените.

Тоа име било дадено затоа што се допуштало во тој дел од Литургијата да присуствуваат и да слушаат, не само крстените кои потоа се причестувале, туку и огласените, односно оние што се подготвувале за Крштението, како и оние што биле во состојба на покајание за тежок грев, па следствено не им било допуштено да пристапат кон Причеста.

 

331. Како започнува тој дел на Литургијата?

Тој дел на Литургијата започнува co благословување, или прославување на Царството на Пресвета Троица.

 

332. Од што се состои Литургијата на огласените?

Тој дел на Литургијата се состои од молитви, песнопенија, читање на Апостолот и на Евангелието.

 

333. Како завршува Литургијата на огласените?

Литургијата на огласените се завршува co повеланието, заповедта, која се упатува кон огласените за да излезат од црквата.

 

334. Што е Литургија на верните?

Оној дел од Литургијата, во кој се извршува Светата тајна Причест се нарекува Литургија на верните,

затоа што единствено верните, односно оние што го примиле Крштението, имаат право да учествуваат на тој дел од богослужбата.

 

335. Кое е најважното дејство на Литургијата на верните?

Најважно дејство на тој дел од Литургијата е произнесувањето на словата кои ги кажал Исус Христос при воспоставувањето на Евхаристијата: “примете, јадете:

ова е Моето Тело … пијте од неа сите, ова е Мојата Крв на Новиот завет” (Мт. 26, 26-28);

и потоа – призивот на Светиот Дух и благословувањето на Даровите, односно принесувањето на лебот и виното.

 

336. Bo што е смислата на тоа дејство?

Тоа е особено важно затоа што при тоа дејство лебот и виното се претвораат, односно се пресуштествуваат, во вистинско Тело Христово и во вистинска Крв Христова.

337. Како да го разбираме зборот „пресуштествување”?

За зборот пресуштествување во

“Изложувањето на верата од Источните патријарси” е речено дека co зборот пресуштествување не се објаснува на каков начин лебот и виното се преобразуваат во Тело и Крв Господови, бидејќи тоа не може да го спознае никој, освен Бог;

туку се укажува само тоа дека вистински, и според материјалност прав леб се преобразува во самото вистинско Тело на Господ, a виното во самата Крв на Господ Исус Христос.

 

Налик на тоа преподобниот Јован Дамаскин за
Светите и пречисти Тајни Господови пишува:

„Телото е навистина соединето co Божеството, кое беше воспримено од Пресветата Дева. Но тоа не се случува така што вознесеното Тело слегува од небесата, туку лебот и виното се претвораат во Тело и Крв Божји.

 

338. Како да се пристапува на Светата та)на
Причест?

Секој што сака да пристапи кон Светата тајна
Причест треба да ја открие пред Бога својата совест и да ја исчисти co покајание од гревот за што нѐ оспособуваат постот и молитвата. “Но, човекот да се испита самиот
себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.

Зашто, оној кој јаде и пие недостојно, тој го jage и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово” (1 Кор. 11, 28-29).

 

359. Што се случува co нас во моментот на причестувањето?

Оној што се причестува co Телото и Крвта на
Христос на најтесен начин се соединува co Самиот Исус Христос и во него станува причестен co вечниот Живот.

“Кој јаде од Моето Тело и пие од Мојата Крв, ќе биде во Мене и Јас во него” (Јн. 6, 56). “Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен и Јас ќе гo воскреснам во последниот ден” (Јн. 6, 54).

 

540. Колку често треба да се причестуваме co
Светите дарови?

За тоа колку често треба да и пристапуваме на
Причеста, треба да се забележи дека древните христијани се причестувале секоја недела;

Црквата co мајчински глас нѐ поттикнува да се исповедуваме пред духовниот отец и да се причестуваме co Телото и Крвта на Христос, стремејќи се кон благоговеен живот, барем четирипати во годината, или секој месец, а, задолжително еднаш годишно (Православно исповедање, д. 1, прашање 90.).

341. Ha каков начин учествуваат оние кои не се причестуваат co Светите тајни?

Оние кои само присуствуваат на Божествената
Литургија, а не пристапуваат на Причеста, можат и треба да учествуваат во Литургијата преку молитва, вера и особено преку непрестајно напоменување на нашиот Господ Исус Христос, Кој повела: “ова да го правите во мое име” (Лк. 22, 19).

342. Што значи входот (влезот) co Евангелието за време на Литургијата?

Bo времето во кое на Литургијата се прави вход co Евангелието, се извршува споменување на Господ Исус Христос, Кој се појави за да го проповеда Евангелието.

Затоа и за време на читањето на Евангелието треба да имаме големо внимание и да стоиме co вера и љубов, како да сме Го виделе и слушнале Самиот Исус Христос.

343. Како треба да се разбере входот co приготвените Дарови?

Bo времето на Литургијата во кое се извршува входот co приготвените Дарови во олтарот, треба да си го спомнуваме одењето на Исус Христос на доброволно страдање, како жртва на колење, иако повеќе од дванаесет легиони (односно големо множенство) на ангели биле спремни да Го сочуваат како свој Цар.

Царот на оние кои царствуваат и Господ на оние кои господарствуваат доаѓа на колење (Литургија во Велика сабота}.

 

344. Што треба да имаме на ум за време на извршувањето на оваа Света тајна?

 

Bo времето на извршувањето на таа Света тајна и во времето на причествување на свештенослужителите во олтарот треба да си ја спомнуваме Тајната вечера на Самиот наш Господ Исус Христос co апостолите, да ги споменуваме Неговото страдање, смрт и погребение.

 

345. Што значат откривањето на завесата, отворањето на царските двери и појавувањето на Светите дарови?

Co откривањето на завесите, отворањето на царските двери и појавата на Светите дарови се означува

појавувањето на Самиот наш Господ Исус Христос после Неговто Воскресение.

346. Штo значи последната појава на Светите дарови пред народот?

Co последното појавување на Светите дарови пред народот, пo што тие се скриваат, се изобразува Вознесението на Господ Исус Христос на небото.

 

347. Дали оваа Света тајна ќе пребива секогаш во вистинската Црква?

Извршувањето и примањето на Светата тајна Причест во вистинската Христијанска Црква бездруго продолжува секогаш, до самото Второ Христово доаѓање, според зборовите на апостол Павле:

“Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде” (1 Кор. 11, 26).

 

Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски
Пренесе Мина Даниловска