СПАСИТЕЛИ МОИ…

Дојдете, спасители мои!

Сите кои ме намразивте и клеветевте и со зло возвративте!

Ме намразивте, за да научам да простам,

ме клеветевте, за да се разобличам,

со зло возвративте, за со добро да ви послужам.

Дојдете, оти вината, моја е!

Прошка дарете ми, оти
Образот Негов не сум го примила.

Соблазна ви бев и кога не знаев, за да научам да познам.

Семето ли е виновно што почвата е запустена?

Виновна ли е водата што жедниот не ја пие?

Виновно сонцето ли е, што слепиот не Го гледа?

Виновен ли е Тој Кому не сум Му слична?

Не го познав, за во Него да зачнам,
и да прогледам и живата вода да ја пијам.

Дојдете сите кои ме намразивте, за да ве гушнам!

Непријатели ве крстиле,

а не знаат…
Спасители мои !
Фала што ве имам, дарители мои…

Светилници сте на Патот до Христовиот УМ !

M. Даниловска

Претходна статијаДедо Наум – ШТО НЕ Е ЈАСНО? (11. недела по Педесетница)
Следна статијаБРАКОТ Е ВРСКА НА ЕДНАКВИТЕ (прв дел)