ПО ПАТОТ

Како магливо, топло, рано утро е почетокот на она што сме.

Како излез од тунел е средбата со свесноста за СЕБЕ.

Како прегратка пријателска е решеноста да се биде ЈАС.

Како подготовка за војна е одлучноста да разбереш КОЈ СИ.

Како зачекорување над бездна е подвигот да БИДЕШ!

И така започнува потрагата ПО ПАТОТ!

 

 

ПРВИОТ ЧЕКОР ПО ПАТОТ

Задишан и уморен од вртење во исто
го гледам непрекинато и почетокот и крајот
и се така додека не разбрав дека сум во
круг
во кој трчам додека тој се стеснува
и во точка
да се претвори сака.

Погледнав нагоре
рацете ги подигнав
дланките се споија, небото се отвори
очите исцртаа линија вертикална
срцето направи чекор прв.
Ох, ослободување.

Во небесата има многу неба, но нема крај!

Отец Ивица Тодоров
Од книгата  „По Патот“

 

 

Претходна статијаДенес не му рековме – Фала! (Духовна литература)
Следна статијаШто е СВЕТОТО ПИСМО?