КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗАРАДИ КОЈАШТО ГРЕШИМЕ
Свети Јован Дамаскин вели:
„И на злите дела почеток и кpaj им е доброто.
Имено, заради доброто е и сѐ што е добро и сѐ спротивно.
Ние дури и лошите дела ги правиме сакајќи добро.
Имено, никој co намера на зло не го прави она што го прави.
Затоа злото нема никаква ипостас (постоење, заб. прев.) туку пара-ипостас
(паразитирање, заб. прев.), која настанала заради доброто, а не од себе, оти сѐ што се прави, се прави или заради доброто или заради тоа што се смета за добро”.
Bo потрага по доброто, кога тогаш измамен од затемнетоста на умот човекот прави лош избор од она што му се дава и го избира, наместо вистинското добро, она за коешто мисли дека е добро, кон кое не тежнее според природата туку против природата, бирајќи го тоа според погрешното расудување.
Бидејќи доброто е сакано според природата и кон него луѓето тежнеат, човекот којшто го избира доброто не според природата туку според својата проценка, како оној којшто го избира она што е сакано против природата, што е неумесно, значи зло …греши.
Според тоа, причината заради којашто човекот греши е неговото застранување во потрагата по доброто, заради нарушувањето на етичкиот закон напишан во неговото срце.
Златоустиот го нарекува гревот ‘мрак’ заради помраченоста на умот и отстапувањето од етичкиот закон на вистинската светлина.
Гревот е мрак, и тоа густ мрак, и јасно е дека тој ce прави несвесно и во незнаење.
Секој, значи, кој прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината.
И „го крие она што го прави, што е срамно и да се кажува.
И како што во мракот никој не го препознава пријателот ниту непријателот и не знае за природата на ниедна работа така станува и при гревот”
(Извадок на Св. Нектариј Егински – Беседа 5 на Евангелието според Јован)
Преземено од ПРЕМИН, декември 2005, двоброј 31-32