ЈАЗИКОТ НА ЛИТУРГИЈАТА: ЈАЗИК НА БИБЛИЈАТА
(извадок од „Литургија и живот“ – Александар Шмеман

Православната Црква употребува многу јазици во своето богослужение. (Грчки, словенските, англиски, и тн.), па сепак, нејзин основен јазик е ЛИТУРГИСКИОТ јазик.

Токму тоа е јазикот на Светото Писмо , јазикот на Библијата.

За да ја разбереме литургијата не е доволно само да ја преведеме на некој од „разбирливите “ јазици (на англиски, во Америка на пример).

Човек мора да ги научи нејзините библиски одлики и содржина , т.е. сликите, споредувањата, референците, накусо, цел еден систем на изрази земени посредно или непосредно од Библијата.

Библискиот карактер на христијанската литургија се објаснува, прво, со фактот што првите христијани , бидејќи биле Евреи, природно, употребувале облици и изрази на еврејската обредност, чиј непосреден продолжител е – христијанското богослужение.

Второ, великите христијански писатели кои што составувале литургиски химни и молитви биле длабоко вкоренети во Библијата, гледајќи во неа извор на сецелото христијанско размислување и учење.

Притоа, тие, природно, го употребувале јазикот на кој што биле навикнати.

Така, библијата е вистински клуч за разбирање на литургијата, исто како што и Литургијата е живо – објаснување на Библијата, Тие заедно претставуваат два суштински темели на христијанскиот живот.

Постојат три различни начини на кои – што библискиот јазик се употребува како литургиски јазик на Црквата, т.е. како израз на нејзиното богослужение , на молитвите и богослуженијата:

1. Тука е, најнапред употребата на самите библиски текстови , кои и го сочинуваат значајниот дел на сите служби.

Се употребуваат како ЧТЕНИЈА (читања), пророштва, паримеи – читања од Стариот Завет, па читања од Евангелијата и Посланијата, како химни (песни од Стариот Завет:

„Велича душа моја“, „Ниње отпуштаеши“…и тн.). како – псалмопеење.

Псалтирот е литургиска книга пар екселанс.

Псалмите земени, како во целост, така и во стихови, односно група стихови (прокимени), ги проникнуваат сите служби и навистина се главен израз на литургиската молитва.

Отците и литургиските писатели го знаеле Псалтирот напамет и го сметале за боговдахновен израз на севкупното богослужение.

2. Потоа, тука се библиски зборови и изрази што како такви се употребуваат во Литургијата, било во својата еврејска форма или преведени.

Најважни се:
Амин – „ така нека биде“.

Тоа е свечена потврда и израз на прифаќање ( од страна на Божјиот народ) на стварноста, вистината, снагата на она што Бог Го направил и што се уште го прави.

Секоја молитва, секој восклик и литургиски чин се „запечатува“ со тоа – Амин, што народот го изговара.

И навистина, би можело да се рече дека христијанин е оној којшто има право да каже – Амин, т.е. да го прими и усвои она што Бог му го дава во Црквата.

Алилуја, – во слободниот превод значи
„Бог е овде, славете Го! “ – радосен восклик на оние коишто го гледаат и искустевно го доживуваат присуството Божјо; тоа е еден од клучните зборови на Литургијата, затоа што ја открива самата суштина на Богослужението – да не воведе во присуството Божјо.

Благословено (е)… Тоа е основен библиски пропишан израз на Богопоклонување, којшто се употребува во текот на целата Литургија како нејзин почеток и воведен дел.

Ние со овие зборови објавуваме дека Бог и победата на Неговата волја и промисла се крајни цели на сите наши желби, почетна точка на нашата побожност.

Во оваа категорија спаѓаат и литургиските изрази, како што се:

Свјат, свјат, свјат…, „ Господ и јависја нам…“, како и многу други коишто во Стариот Завет биле израз на израилевото очекување Спасение ( односно Месијата ), ако кој денес ни ја откриваат верата на Црквата – дека во Христа сите надежи и сите пророштва го нашле своето исполнување.

3. Конечно, сите химни и молитви што се пеат и читаат на Литургијата се полни со слики, синволи и изрази земени од библијата, кој за да можат да се разберат имаат потреба од одредено познавање на Светото Писмо.

.На пример, кога Богородица Дева, ќе се спореди со „капината која што гори , а не согорува“,
или со кадилницата, Храмот, Гората (Неракосечената) и тн., сите овие укажувања бараат познавање не само на фактичките содржини на Светото Писмо, туку и на неговото теолошко и симболичко значење.

Зборовите или поимите, како што се: „светлост“, „темнина“, „утро“, „ден Господен“
или пак, симболите на водата, елејот (маслото), виното и тн. – за да можат потполно да се разберат во нивната литургиска употреба, мораат да се посматраат низ нивните точни значења во Библијата.
Извор:

Протоереј Александар Шмеман, ЛИТУРГИЈА И ЖИВОТ

Претходна статијаПреподобната маченичка Параскева (Римјанка)
Следна статијаДедо Наум – Фатени од гревот!