ИМАЈТЕ ЧЕСТ, БЕЗ РАЗИКА КОЛКУ СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА СЕ ГРЕШНИ, вели Св. Јован Златоуст- ( роден 354г)

Доколку кормиларот е добро расположен, дотогаш и патниците се во безопасност; но штом кормиларот стане нажалостен од навредите од страна на патниците нема да се однесува како порано, нема да делува со целата своја вештина, па дури и несакајќи може да ги изложи на многу неволји.

Така е и со свештениците. Ако ја уживаат честа што им припаѓа тие можат да се посветат на вас и да ги уредат вашите дела, но ако би ги жалостиле тоа ќе ја ослабе нивната рака и ќе направите и тие заедно со вас да бидат однесени од брановите без разлика на тоа колку и да се храбри.

Сетете се што им рекол Христос на Јудеите:

На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, се што ви кажат да правите, пазете и извршувајте (Мат. 23, 2-3).

А сега не можеме да речеме дека свештениците седеле на Мојсеевото седиште; тие седела на Христовото седиште, па затоа и го примиле Христовото учење.

Павле во врска со ова вели:
Ние сме пратеници место Христа, како Бога да зборува преку нас. (2 Кор. 5, 20).

Зарем не гледате како сите им се потчинуваат на светските власти?

Иако потчинетите честопати ги надминуваат овластените во мудроста и знаењето, сепак поради уважување се покоруваат на заповедта.

Таков е нашиот однос кон оние кои се ракоположени од светската власт. А кога ракополага Бог – ние го презираме ракоположениот, го вреѓаме, го понижуваме, му се обраќаме со остар тон, го осудуваме иако тоа ни е забрането.

Какво оправдание ќе дадеме за себе кога не ја гледаме гредата во нашето око, а со злобен напор ја бараме реската во окото на свештеникот?

Или пак не знаеш дека осудувајќи на тој начин си подготвуваш најтешка осуда на самиот себе.

Ова не го говорам за да ги оправдам оние кои недостојно ја вршат свештеничката служба; тоа никако – јас многу тагувам и плачам за нив.

Но тврдам дека луѓето во тој случај немаат право да ги осудуваат.

Нека животот на свештеникот е најнепримерен и најгрешен, ти кон самиот себе биди внимателен и нема да претрпеш никакви штети.

Кога Бог ја натерал магарицата да зборува и низ уста на врач дал благослов – кога Он преку несловесна уста и низ нечистиот јазик Валаамов делувал на неблагодарните Јудеи, ќе делува и на вас кои сте благодарни.

Он ќе направи се што е потребно и ќе го прати Светиот Дух без разлика на тоа колку свештениците се грешни. Гледај и чистиот и праведниот (свештеник) не го привлекува Светиот Дух, туку се се врши преку Благодатта.

Се што е дадено на свештеникот е дар од Бога; колку е да е силна човечката философија, таа секогаш ќе биде послаба од Благодатта.

Ова не го зборувам за ние безгрижна да го поминеме остатокот од животот, туку вие кога ќе забележите немарност кај свештениците да не се соблазните и да го умножувате злото во себе.

Но, што зборувам за свештениците?

Ниту Ангел, ниту Архангел не може ништо против тоа што е дарувано од Бога: овде се устројуваат Отецот, Синот и Светиот Дух!

Претходна статијаДа, Литургијата бара мудрољубива душа…
Следна статијаЗА БОЖЈАТА БЛАГОДАТ – Свети Макариј Велики