ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА Еромонах Григориј Светогорец
Свештеникот (претстојателот):
Благословено е Царството на Отецото и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови
Народот: Амин.
За тајната која ја преобразува земјата на небо.
Светата литургија е тајна на присуството Христово; следувајќи му на тоа, таа е и пројава на благословеното Царство на Отецот и Синот и Светиот Дух, бидејќи присуството Христово е самото Царство Божјо.
„Што е Царството“, прашува Христос преку сезлатната уста на светиот Златоуст?
И одговара:
„Моето присуство“.
Ова присуство се свештенодејствува на Светата литургија. Христос, кој заедно со Отецот седи на Царскиот престол во часот на светото принесување „се открива во овие Тајни.“
Заедно е со своите чеда и ја извршува тајната на Царството.
Христовото присуство на Светата литургија земјата ја преобразува во небо:
„Оваа тајна на светата литургија заради Тебе на земјата прави небо…
Зашто, најдостојното што постои на небото ќе ти го покажам на земјата…
Ти Го покажувам Него, самиот Господар на ангелите и архангелите“.
Местото на кое се собираат верните да Му заблагодарат на Господа, е „место на ангелите, место на архангелите Царство Божјо, самото небо.“
Бидејќи литургијата е Трпеза на Царството и оние кои учествуваат во неа од смртта од „од трпеза на трпеза, од онаа која што се` уште е скриена кон онаа која што се открива.“
Сите кои учествуваат во Светата Литургија кон Трпезата на Царствово Божјо, чекорат кон трпезата каде заедно со Христа ќе вкусат – ново вино. (Матеј 26, 29).
ВОВЕД ВО БОЖЕСТВЕНАТА ЛИТУРГИЈА од `ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА` – Јеромонах Григориј Светогорец
1. Тајната вечера и првата христијанска евхаристија
Во текот на една јудејска пасхална вечера, Христос ја востанови Тајната на божествената Евхаристија, пасхалната вечера на Црквата.
На истата трпеза, според зборовите на Свети Јован Златоуст, Христос ја потврди пасхата – која дотогаш беше праслика на иднината и ни ја даде вистинската пасха.“
Тројцата први евангелисти (Матеј 26, 26 – 29, Марко 14, 22-25; Лука 22, 15-22) и апостол Павле (1Кор, 11, 23-26) ни даваат опис на првата Божествена литургија која се извршила во Сионската горница (горна соба), „онаа ноќ во која Господ Исус беше предаден“.
И додека јадеа од пасхалната вечера „зеде Исус леб, и заблагодари и го прекрши, па им даде на учениците, велејќи:
Примете, јадете, тоа е Моето Тело; (во евангелието според Лука е додадено и ова: што се дава за вас; правете го ова во мој спомен!);
потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде велејќи:
Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата Крв на Новиот Завет, која се пролива за мнозина за опростување на гревовите.
И вам ви велам дека од сега нема да пијам од овој лозов плод, се` до оној ден, кога ќе пијам нов со вас во Царството на Мојот отец“ (Матеј 26 – 29)
Ова беше првата Божествена литургија на земјата.
……..
Во списот на – Учењето на дванаесете апосстоли – Дидахи, напишан околу стотата година по Христос, наидуваме на првите литургиски молитви.
„Што се однесува до евхаристијата, благодарете вака – најнапред за чашата:
Ти благодариме, Тебе, Оче наш, за Светета лоза на Давида, чедото Твое, која си ни ја јавил преку Исуса, Чедото Твое. На Тебе слава низ вековите.
Што се однесува пак, за прекршувањето на лебот:
Ти благодариме Тебе, Оче Наш, за животот и патот кој си го открил преку Исуса, Чедото Твое, на Тебе слава низ вековите!
….Значи во анафората на Апостолското предание се препознаваат сите нејзини основни делови: дијалогот, прологот, Христовите зборови, сеќавањето (анамнеза) и призивот на Духот Свети (епиклеза).
Првите литургии
Во четвртиот век се запишани првите Литургии. Најважни од нив се следните:
1. Литургија на св. апостол Јаков, братот Господов,
2 Литургија на св. апостол Марко,
3. Литургија на Св. Василиј Велики,
4. Литургија на Свети Јован Златоуст,
5. И Литургија на св. Климент Римски
Три од овие пет литургии Црквата ги служи и денес. Тоа се литургиите на Свети Јаков, на Свети Василиј и на Свети Јован Златоуст (Златоустова)
……………….
Со полнотата на Светиот Дух: Христос не исполнува со Светиот Дух.
„Што е делото и резултатот на страдањата Христови, зар се тоа само слова и дела?…
Ништо друго, освен доаѓањето на Светиот Дух на Црквата.
Молитва пред светата евхаристија
Свештеникот:
Верувам Господи и исповедам дека Ти си навистина Христос,
Синот на живиот Бог,
Кој дојде во светот, да ги спасиш грешниците,
од кои првиот сум јас.
Уште верувам дека ова е Твоето Вистинско Пречисто Тело и ова е Твојата вистинска чесна Крв.
Затоа Ти се молам: помилуј ме и прости ми ги моите прегрешенија, волни и неволни, направени со збор или со дело, во знаење или незнање и
удостој ме неосудено да се причестам со Твоите пречисти Тајни, за простување на гревовите и живот вечен.
Амин.
(Еве, присуствувам на божествената причест; Создателу,
немој да ме изгориш со причеста; зашто си оган; кој ги гори недостојните;
туку очисти ме од секоја нечистотија).
Сине Божји,
прими ме денес за учесник на Твојата Тајна Вечера,
зашто нема да ја кажам тајната на Твоите непријатели,
ниту ќе ти дадам целив како Јуда,
туку како разбојникот Те исповедам:
Спомни си за мене Господе во Твоето Царство.
(Човеку, вџаши се гледајќи ја крвта која обоготворува, зашто е жар кој недостојните ги согорува; божественото Тело и обожува и храни, го обожува духот, а умот чудесно го храни.
Си ме пленил со љубовен копнеж, Христе и си ме изменил со Твојата божествена љубов.
Изгори ги сега гревовите мои со огнот невештествен
и удостој ме да се исполнам со радоста која е во Тебе,
ликувајќи, Благи,
да ги величам двете Твои доаѓања.
Како јас недостојниот ќе влезам во сјајот на светите Твои?
Зашто, ако се осмелам да влезам заедно со нив во брачните одаи,
облеката ме обвинува, зашто не е брачна и врзан – ќе бидам отфрлен од ангелите.
Очистија Господи нечистотијата на душата моја и спаси ме како човекољубив).
Господи, причестувањето со Твоите Свети Тајни да не ми биде за суд и за осуда, но за исцеление на душата и телото.
Амин!
ќе продолжи…
Подготви: М. Даниловска