КОЈ ПСАЛМ ЗА КОЈА ПОТРЕБА ДА СЕ ЧИТА…

Да се чуваме пријатели мои, да внимаваме, од очај, малодушност, безнадежност, униние…зашто тоа само ни потврдува дека иако сме христијани – верата ни е мала.

Во такви случаи многумина од луѓето паѓаат со духот и посегаат по навидум невиното и безопасно оружје, „чудесниот“ лек што со едно земање предизвикува , навидум, решавање на проблемите.

Прибегнуваат, така заблудени луѓето тогаш кон неброени лажни пророци, исцелители, чудотворци, толкувачи, бајачи, гатачи, црно – бели маѓијаши…

па така несвесно стануваат слуги на лукавиот, на демонот, кој има за крајна цел да им ги уништи душите и да ги држи во зависност.

А зошто да се тргне кон тие опасни предели, кога Бог ни го понудил спасоносниот лек за сите болести на душата и на телото наше – СВЕТОТО ПИСМО!

Тоа, Светото Писмо ни ги нуди сите одговори за смислата на нашето постоење, а меѓу другото и секој прочитан ПСАЛМ ни го дава вистинскиот одговор од Бога за секој наш проблем и не вдахнуваат со Божја мудрост и знаење.

Верувам дека знаете дека ПСАЛМИТЕ во Светото Писмо ке ги најдете од 690 до 763 страница во Стариот Завет, секако, во зависност од кое издание на библијата читате.

Ете, како за секој наш проблем световен или духовен можеме да си помогнеме читајќи секогаш соодветен псалм за наша полза. Но, секако, СО ВЕРА!

КОЈ ПСАЛМ И КОГА СЕ ЧИТА:

– поуки од свети Арсениј Кападокиски за ПСАЛМИТЕ,

односно кој псалм во која прилика треба да се чита, а кои старец Пајсиј ги чуваше во својот Псалтир:

Псалм- 1. – Кога се сади дрво или лоза за да донесат плодови.

2. – Господ да ги просветли оние кои одат на собир.

3. – Да се истера злото од луѓето, неправедно да не ги повредуваат ближните.

4. Господ да ги излечи чуствителните луѓе кои патат од мачнината предизвикана од каменосрдните

луѓе.

5. Господ да ги излечи очите кои се ранети и повредени од зли луѓе.

6. Господ да го ослободи маѓепсаниот човек.

7. За оние кои страдаат од страв предизвикан од застрашување и заканување на злите луѓе.

8. За оние кои претрпеле зло од демоните и од лукавите луѓе.

9. Демоните да престанат да застрашуваат во сонот или низ дневните фантазии.

10. За каменосрдните сопружници кои се карат и разведуваат (кога суров маж или сурова жена неправедно го мачат стрпливиот сопружник)

11. За обземените од лудост и злоба и оние кои им прават зло на луѓето.

12. За оние кои страдаат од заболен црн дроб.

13. Во случај на демонски страв, три пати во текот на три дена едноподруго.

14. Разбојниците да го сменат мислењето и да се вратат на мирниот живот и покајанието.

15. Да се пронајдат изгубените клучеви.

16. Во случај на голема клевета, три пати во текот на три дена едноподруго.

17. Во случај на земјотрес, елементарни непогоди (Божји гнев), поплави и грмотевици.

18. За лесен пород на мајките.

19. За бездетните сопружници. Господ да ги излечи и да не се разведуваат.

20. Господ да ги смекне срцата на богатите за да прават милосрдни дела за сиромашните.

21. Бог да спречи пожар за да не предизвика зло.

22. Господ да ги смири недисциплираните и непослушните деца кои ги ожалостуваат своите родители.

23. Да се отвори вратата кога се изгубени клучевите.

24. За луѓето на кои искушителот многу им завидува и постојано му предизвикува неуспеси за тие да се јадосуваат.

25. Кога човек бара некое добро од Бог. Господ да му подари и тоа да не биде во негова духовна штета.

26. Господ да го заштити народот од непријателската војска, за да не му направат злодела на луѓето и да не ги ограбуваат селаните.

27. Господ да ги излечи нервно заболените.

28. За оние на кои им штети морето и кои се плашат од големи бури.

29. На оние кои во туѓина се изложени на опасности меѓу варварски и неверен народ. Господ да ги чува и тие народи да ги просветли и смири, и тие да дојдат до богоспознанието.

30. Господ да подари обилна жетва и плодни стебла кога временските прилики се неповолни.

31. Изгубените и истоштени патници да го пронајдат патот.

32. Господ да им ја покаже вистината на неправедно затворените и да бидат ослободени.

33. За оние кои што се оделени од душата, кога во смртниот час ги мачат демоните или кога се заканува непријателска војска, кога ја минува границата и кога прави зло.

34. Господ да ги ослободи добронамерните и добродушните луѓе од замките на лукавите кои ги угнетуваат луѓето Божји.

35. Целосно да се искорени непријателството предизвикано од прекор и недоразбирање.

36. За тешко ранети луѓе од насилство на беззаконикот.

37. За оние кои страдаат од збоболка.

38. Унесреќените и отфрлените луѓе да најдат вработување и да престанат да тагуваат.

39. По конфликт да се врати љубовта меѓу господарите и потчинетите.

40. Да се спасат мајките од предвремено пораѓање.

41. За младите кои патат поради љубовтта, кога некој ќе ги рани и ожалости.

42. Заробениците да се ослободат од стражарот на непријателскиот народ.

43. Господ да им ја покаже вистината на скараните сопружници и да се смират.

44. За луѓе кои патат од болести на срцето и на бубрегот.

45. За младите на кои непријателот од завист им поставува пречки за женидба.

46. Да се успокои работникот или слугата кој избегал зашто бил повреден од газдата и да најде нова работа.

47. Кога ќе се случи голема катастрофа и разбојништво на варварските народи – гусари – да се чита 40 дена едно-подруго.

48. За оние кои се бават со опасна работа.

49. Заблудените луѓе да се вратат на бога и така да се спасат.

50. Кога нашите гревови ќе го предизвикаат Божјиот гнев кој не учи на покајание (т.е. во случај на епидемија на болести, умирање на луѓето и стоката).

51. Да се покаат каменосрдните господари да станат сочувствителни и да престанат да го мачат народот.

52. Бог да ги благослови мрежите и тие да се исполнат со риби.

53. Господ да ги просветли богатите кои имаат купено многу слуги и да ги ослободат.

54. Да се врати почитувањето на презреното семејство кое било наклеветено.

55. За чувствителнит луѓе кои душевно се повредени од нивните ближни.

56. За луѓето кои патат од главоболка и голема душевна здодевност (униние).

57. Секое добро за оние кои прават добри дела и Господ да го спречи секое зло дејство на демонот или непријателот.

58. За немите, Бог да им подари говор.

59. Господ да ја покаже вистината кога сите луѓе взаемно се клеветат.

60. За оние кои што имаат тешкотија на работа заради мрзеливоста или поради стравот.

61. Господ да ги избави од искушение малодушните луѓе, кои не се трпеливи и заради тоа се јадосуваат.

62. Нивите и стеблата да бидат плодоносни кога нема доволно вода.

63. Кога човек ќе биде каснат од волк или куче (и кога му се дава да пие света вода).

64. Трговците да бидат благословени за да не ги мамат и обвинуваат простите луѓе.

65. Лукавиот да не внесе збрка во домот и така да го унесреќи семејството.

66. Да се благословат птиците (живинарството)

67. Да се спасат мајките кои со голема тешотија ја одржуваат бременоста.

– поуки од свети Арсениј Кападокиски за ПСАЛМИТЕ

Подготви: Мина Даниловска