Прашање 16. Што е грев?

Одговор
 Гревот сам по себе не постои, зашто тој нe e Божјо создание.

Затоа, не е можно ни да се објасни што е тој. Но, при се тоа, можеме да кажеме дека гревот е нездржаната волја на човекот и ѓаволот или како што говори Светото Писмо: гревот е безаконие (I Јн. 3,4).

Гревот е престапување нa законот Божји, а ова опрестапување навистина е противење на волјата Божја што доаѓа од разумот и од волјата на престапникот. Од ова противење се раѓа смртта и секој гнев Божји се распалува, како што вели Светото Писмо: Похотата, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт (Јак. 1,15).

Прашање 17. Како се дели гревот?

Одговор По сведоштвото на Светото Писмо: постои грев за смрт и има грев не за смрт (I Јн. 5,16 и 17). Поради тоа, едни гревови се смртни, а други се несмртни.

Прашање 18. Што е смртен грев?

Одговор: Смртен грев прави човек тогаш. кога побуден од неуредна желба, стори некое дело, кое законот Божји изрично го забранува или кога не сака доброволно и co задоволство да го извршува тоа Бог што заповеда, преку што ce лади љубовта кон Бога и ближниот.

Таквата желба го отуѓува човекот од благодатта Божја и го убива оној, којшто тоа дело го изведува. Затоа и ние таквиот грев го наречуваме смртен, како што гавори Апостолот:

Платата што ја дава гревот, е смрт (Рим. 6,23). Меѓутоа, самата согласност на човекот да сака да стори грев и’ создава рана на душата, но сосема не ја убива.

Прашање 19. Како се дели смртниот грев?

Одговор: Смртниот грев е еден првороден, прародителски, а друг — сопствен (произволен).

Прашање 20. Што е и кој е прародителскиот грев?

Одговор. Прародителскиот грев е престапување на законот Божји, кој му е даден во Рајот на прародителот Адам, кога му било речено:

Од дрвото што е за разбирање на доброто и злото немој да јадеш. Ако пак јадете од него, во тој ден co смрт ќе умрете (1 Мој. 2,17).

Oвој прародителски грев преминал од Адама на сета природа на човештвото, оти сите ние сме биле тогаш во Адама, па така, преку едниот Адам гревот влезе во сите нас.

Поради тоа, сите ние и се зачнуваме и се раѓаме co овој грев, како што учи Светото Писмо: Гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, и по таков начин смртга прејде на сите луѓе преку еден човек, оти сите во него згрешија (Рим. 5,12).

Овој прародителски грев не може да го изглади никакво покајание. Само благодатта Божја, преку овоплотувањето на нашиот Господ Исус Христос и пролевањето на Неговата чесна Крв, го поништува; a тоа бидува во тајната на светото Крштение.

Затоа, кој не е крстен, тој не е ослободен од овој грев, туку подлежи на гневот и на вечната казна, според зборовите: вистина, вистина ти велам, ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо (Јн. 3,5).

Прашање 21. Што е сопствен произволен смртен грев?

Одговор  Грев смртен, сопствен (произволен), е тој, што ние го чиниме после крштението, по својата волја и знаење, во полната возраст, спротивно на изричната заповед Божја, пренебрегнувајќи ја љубовта кон Бога и ближниот.

Поради таквиот грев, ние ја губиме благодатта Божја, што сме ја добиле во светото крштение, го губиме и царството небеско, па стануваме заробеници на вечната смрт, како што говори и Апостолот:

He знаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му ce покорувате: или робови на гревот, за смрт; или на послушноста за оправдание (Рим. 6,16).

Овој грев се очистува преку покајание, по милосрдието Божјо, преку нашиот Господ Исус Христос, кога свештеникот, во време на исповед, го разрешува тој што се кае од неговите гревови.

Прашање 22. Ha колку видови може да се раздели спомнатиот сопствен (произволен) грев?

Одговор. На три видови.

Кон првиот вид можеме да ги ставиме најглавните смртни гревови или таквите, од кои се раѓаат други. Кон втор вид, оние, коишто се против Светиот Дух. Кон третиот вид, оние гревови, коишто во овој свет викаат за Божја одмазда.

Прашање 23. Кои се најглавните смртни гревови?

Одговор. Овие: гордоста, среброљубието, блудот, зависта, ненаситноста, злопамтењето и безгрижноста.

Прашање 24. Што е гордост?

Одговор. Гордост е неумерена желба да се има несправедлива слава за надминување на другите, еднаквите на себе, праведно или неправедно. Овој грев бешe првиот што се родил во злиот ангел и од кој, како од отровен извор, произлегоа оите други.

За него Премудроста говори: Стравот Господен ги мрази неправдите, гордоста, досадувањата и патиштата на лукавите (Прич. 8,13).

И на друго место Светото писмо вели:

Гордоста е омразена пред Бога и пред луѓето (Сир. 10,7). На овој грев противпоставена му е добродетелта смиреност, која нашиот Господ Исус Христос ја фали и не’ поттикнува да се прудружуваме за истата, па вака говори: Научете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за^ж душите ваши (Мт. 11,29).

Прашање 25. Кои други гревови посебно се раѓаат од ова зло?

Одговор. Овие: лошо да се мисли за својот ближен; да се осудуваат духовнивдте и мирјаните; непокорност на Црквата и на поглаварите; самофалење, лицемерство, кавга, тврдоглавост, неслога, радозналост во невреме, самонадевање, неуважување на Божјите заповеди, обичај и навика да се чини зло, и друго слично.

И кој сака да биде ослободен од овој грев, треба секогаш да ги држи во паметта овие зборовн, што му ги рекол Бог на Адама:

Земја си, и во земјата ќе отидеш (1 Мој. 3,19); исто така да мисли за последниот суд и вечното мачење, и уште овие апостолски зборови:

Бог на гордите им се противи, а на смирените им дава благодат (Јак. 4,6 и 1 Петр. 5,5).

Прашање 26. Што е среброљубие?

Одговор. Среброљубието е неумерона желба за здобивање co богатство и имот. За овој грев Светото Писмо говори:

Кој мрази лакомство ќе живее долго (Прич. 28,16).

И Апостолот: Тие што имаат срце привикнато на лакомство, чеда се на проклетството (2 Петр. 2,14).

А добродетел, противпоставена на овој порок, е дарежливоста, како што е речено: Тој растури, им даде на сиромасите; неговата праведност останува во сите векови (Пс. 111,9).

Прашање 27. Кои гревови се раѓаат од среброљубието?

Одговор. Од среброљубието се раѓаат овие гревови:

грабителството, убиството, измамата, лагата, метежот, насилството и жестокоста, немилосрдноста, безчовечноста, грубоста на срцето, зависта, вероломството, измачувањето на сиромасите и другите луѓе, скржавоста, кражбата и слични други.

Спрема тоа, кој што сака да го избегнува овој грев, треба да помислува на доброволното сиромаштво на нашиот Господ Христос. како што Он Самиот вели за Себе:

Лисиците имаат легла и птиците небески — гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони (Мт. 8,20).

Потоа треба да помислува дека е тој управител на богатството, а не господар и дека ќе Му дава отчет на Бога во судниот ден за своето управување.

Прашање 28. Што е блуд или нечистота?

Одговор. Блудот е исполнување на недозволена телесна желба, спротивна на Божјата заповед, која се извршува против сопственото човеково тело, како што говори Апостолот:

Секој грев што го прави човек е надвор од телото, a блудникот греши против своето сопствено тело (1 Кор. 6Д8).

Освен тоа, бидејќи секој христијанин е дел од телото Христово, тогаш тој што чини блуд co блудннците, се осквернува себе си. А дека секој од тие што веруваат е дел од телото Христово, за тоа учи Апостолот:

He знаете ли дека телата ваши се Христови членови?

Ке ги земам ли членовите Христови и да ги направам членови на блудница? Тоа никако.

И натака: Клонете се од блудството (1 Кор. 6,15—18). Ha овој грев противпоставена му e добродетелта — невиност.

Прашање 29. Кои други гревови се раѓаат од овој грев?

Одговор. Ослепеност на умот, отклонување од божествените предмети, нечестието, зависта, очајанието, развратноста, мрзливоста,непријателствата co ближните и слични други.

Кој сака да се спаси од тој грев, треба секогаш да се потсетува дека Бог престојува во чисто и непорочно срце. Затоа и псалмопеачот се моли за да му даде Бог чисто срце:

Боже, создај во мене чисто срце и прав дух обнови во мене (Пс. 50,10/).

Пренесено од книгата “Православно исповедание на верата на Соборната и Апостолска Источна Црква

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаЗадушница! Денот не преставува гозба за најадените, туку милост кон гладните!
Следна статијаСМИРЕНИЕТО – БЕДА HA ДУХОТ